Претепан судија на фудбалски дуел од детска лига во Скопје


Завчера се случи голем скандал на еден од терените на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во тренинг-центарот „Петар Милошевски. Министерството за внатрешни работи (МВР) објави дека две лица го истепале судијата по натпревар во детската лига, а тоа се случувало пред очите на десетгодишни деца. -На 27.05.2023 во 09.52 часот Г.М.(40) од Скопје пријавил дека …

Претепан судија на фудбалски дуел од детска лига во Скопје Read More »

Хрватска планира да увезува сперма од Шпанија, Данска, Италија и други земји од ЕУ


Хрватска планира да увезува сперма и јајце клетки од ЕУ, пишува Јутарњи лист, наведувајќи дека нема локални донатори, а половите клетки треба да доаѓаат од лиценцирани банки. Паровите од Хрватска на кои им треба донирана сперма или јајце-клетки за овој вид медицинско потпомогнато оплодување за да се стекнат со родителство, наскоро повеќе не треба да …

Хрватска планира да увезува сперма од Шпанија, Данска, Италија и други земји од ЕУ Read More »

Уапсени двајца бомбаши во Риека, Хрват и Германец


Двајца од уапсените бомбаши во Риека, Хрват и Германец, кои полицијата ги поврзува со низа поставени експлозивни направи, утрово треба да бидат одведени на распит во Жупаниското државно обвинителство. После тоа судијата на истрагата треба да одлучи дали одат во едномесечен истражен притвор. Засега има малку официјални информации, но тоа би требало да се смени …

Уапсени двајца бомбаши во Риека, Хрват и Германец Read More »

Дојави за бомби во основни училишта во Белград и Крагуевац


Во неколку основни училишта низ Србија од утрово пристигнуваат дојави за бомби, јави Нова.рс. Како што пренесува Н1, во тек е увид во некои училишта, по што ќе се знае дали учениците ќе влезат во училниците. За некои училишта веќе е утврдено дека се работи за лажни дојави. Дојави за бомби утрово добиле и две …

Дојави за бомби во основни училишта во Белград и Крагуевац Read More »

Нови инциденти во Косово: Полицијата фрли солзавец врз вработените во општина Звечан


Србите кои живеат на Косово и Метохија утрово почнаа да се собираат пред општинските згради во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ. Пред зградите на тие општини има сили на косовската специјална полиција со шлемови и во целосна борбена опрема. Има и сили на КФОР со војници вооружени со долги цевки и опрема за разбивање демонстрации, …

Нови инциденти во Косово: Полицијата фрли солзавец врз вработените во општина Звечан Read More »

Трето рочиште за завршни зборови во судскиот процес за модуларната болница во Тетово


Во Основниот суд во Тетово денеска треба да продолжи судскиот процес со завршни зборови на Обвинителството и одбраната на обвинетите кои се товарат за неколку кривична дела поврзани со пожарот во модуларната болница во септември 2021 година кога загинаа 14 луѓе. Ова е трет обид да има завршни зборови откако рочиштата на 25 април и …

Трето рочиште за завршни зборови во судскиот процес за модуларната болница во Тетово Read More »

Седум ракометари заминуваат од шампионскиот тим на Еурофарм Пелистер


Со доделување на свечени подароци, синоќа во Битола, Еурофарм Пелистер се раздели со ракометарите кои на крајот од оваа сезона го напуштаат клубот. Во новото домашно и меѓународно натпреварување,  боите на битолчани нема да ги бранат Гоце Ојлески, Милорад Кукоски, Мартин Велковски, Себастијан Хенеберг, Мохамед Суси, Усама Хосни и Бојан Маџовски. Според востановената традиција, јавна …

Седум ракометари заминуваат од шампионскиот тим на Еурофарм Пелистер Read More »

Знаци на недостаток од витаминот Бе12


На луѓето им требаат 50 микрограми витамин Бе12 дневно, а оние кои имаат недостаток на оваа хранлива материја може да искусат одредени тешкотии, според британскиот биолог Џастин Батлер. – Екстремниот замор, недостатокот на енергија, мускулна слабост, пецкање, депресија и когнитивни проблеми, како што се слаба меморија, разбирање и расудување, може да бидат признак за недостаток …

Знаци на недостаток од витаминот Бе12 Read More »

Експлозии во близина на Киев втора ноќ по ред


Неколку експлозии се слушнале рано утрово во Киев, објави градоначалникот Виталиј Кличко, на вториот ден од руските воздушни напади врз градот. „Ракетата е соборена во близина на Киев. Провоздушната одбрана работи“, напиша Кличко на Телеграм.  Ова е втора ноќ по ред како Русија го напаѓа главниот град на Украина. Во текот на ноќта во неделата, …

Експлозии во близина на Киев втора ноќ по ред Read More »

ЈО поведе постапка против арачиновец за насилство кон градоначалникот на општината


Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 69-годишен арачиновец кој се сомничи за „насилство“ врз градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими. – Осомничениот, 69-годишен арачиновец, на 23 мај без дозвола влегол во канцеларијата на градоначалникот, насилно барајќи да му се додели земјиште во надлежност на Општина Арачиново. Откако не го нашол во канцеларијата, го пресретнал …

ЈО поведе постапка против арачиновец за насилство кон градоначалникот на општината Read More »

Вучиќ на митингот „Србија на надежта“: Ова е последната вечер на која се обраќам како претседател на СНС


На повик на претседателот Александар Вучиќ и владеачката Српска напредна странка (СНС), во Белград пред Народнот собрание се одржува митинг „Србија на надежта“, најавен како „најголем собир во историјата на Србија“ на кој учествуваат голем број на граѓани од цела Србија, но и од земјите од регионот, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ на …

Вучиќ на митингот „Србија на надежта“: Ова е последната вечер на која се обраќам како претседател на СНС Read More »

В недела во Скопје посебен сообраќаен режим поради ревијална трка на велосипеди и ролерки


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28.05.2023 (недела) со почеток во 11:00 часот поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки и др. „Вози право, вози здраво“, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје. Трката ќе се одвива со старт од Порта Македонија, десно долж ул. „Димитрие Чупоски“, …

В недела во Скопје посебен сообраќаен режим поради ревијална трка на велосипеди и ролерки Read More »

Арачиновци останаа без вода поради долгови стари 17 години


Жителите на Арачиново веќе три дена немаат вода затоа што ЕВН ја исклучи струјата на пумпите за вода на општината поради долг стар 17 години. Градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрахими се пожали на „неправда“ од ЕВН, кој досега го толерирал неплаќањето на сметките за електрична енергија за пумпите за вода. -Имаме комуникација со ЕВН и …

Арачиновци останаа без вода поради долгови стари 17 години Read More »

Блинкен со остра осуда за акциите на владата на Косово за насилен пристап до општинските згради на северот


САД силно ги осудуваат дејствијата на Владата на Косово за насилен пристап до општинските згради на северот на Косово, дејствија што ги презедоа против советите на САД и европските партнери на Косово. Тоа се нагласува во пораката на американскиот државен секретар Ентони Блинкен. „Тие акции остро и непотребно ги ескалираа тензиите, поткопувајќи ги нашите напори …

Блинкен со остра осуда за акциите на владата на Косово за насилен пристап до општинските згради на северот Read More »

Арсовска на меѓународниот самит „ChangeNOW 2023“ во Париз


 Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со 30 градоначалници од светот, е дел од меѓународниот самит „ChangeNOW 2023“ во Париз, најголемиот настан кој ги обединува иноваторите, инвеститорите, лидерите и креаторите на политики, ориентирани кон заеднички конкретни акции за справување со глобалните предизвици, од кој произлегуваат решенија и конкретни мерки за заштита на животната средина. -Меѓународниот …

Арсовска на меѓународниот самит „ChangeNOW 2023“ во Париз Read More »

Ковачевски – Мелони: Воздушната НАТО патрола над нашето небо ќе ја реализира Италија


  Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во телефонски разговор со премиерката на Италија, Џорџија Мелони, разговараше за повеќе актулени прашања за нашата држава и за регионот. Во фокусот на телефонскиот разговор, помеѓу премиерот Ковачевски и премиерката Мелони, беше претстојното патролирање на македонското небо, од страна на италијанските воздухопловни сили. Овој процес е согласно НАТО принципите …

Ковачевски – Мелони: Воздушната НАТО патрола над нашето небо ќе ја реализира Италија Read More »

Ботаничка градина ќе се сади во ЗОО Скопје


Градот Скопје и неговите жители добиваат нова Ботаничка градина која ќе се простира на 12.600 квадратни метри, и во која ќе бидат засадени над 4.600 уникатни дрвја и садници. Во Ботаничката градина ќе се постават видиковци, нова урбана опрема и бројни други содржини за посетителите.   Предвидено е во градината, која ќе биде во рамки …

Ботаничка градина ќе се сади во ЗОО Скопје Read More »

Османи повика на смирување на тензиите на северот во Косово


Смирување на тензиите и деескалација на состојбата на северот во Косово, повика претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи по денешните случувања.  -Како претседавач со ОБСЕ повикувам на деескалација и смирување на тензиите. Од клучно значење е да се зачува мирот и стабилноста.  ОБСЕ е подготвена да понуди помош, а Мисијата на …

Османи повика на смирување на тензиите на северот во Косово Read More »

Две 13-годишни момчиња и се предале на полицијата по големиот пожар во Сиднеј


Две 13-годишни момчиња ѝ се предале на полицијата откако во четвртокот пожар уништи висококатница во центарот на Сиднеј. Пожарот ја зафати зградата вчера попладне, по што на терен се појавија околу 100 полицајци. Полицијата верува дека и други тинејџери се вмешани во инцидентот и ги повика да се јават, пренесува Би-Би-Си. Засега не се познати …

Две 13-годишни момчиња и се предале на полицијата по големиот пожар во Сиднеј Read More »