Две 13-годишни момчиња и се предале на полицијата по големиот пожар во Сиднеј


Две 13-годишни момчиња ѝ се предале на полицијата откако во четвртокот пожар уништи висококатница во центарот на Сиднеј. Пожарот ја зафати зградата вчера попладне, по што на терен се појавија околу 100 полицајци.

Полицијата верува дека и други тинејџери се вмешани во инцидентот и ги повика да се јават, пренесува Би-Би-Си. Засега не се познати повеќе информации како избувнал пожарот.

Во моментот на пожарот во зградата спиеле 15 лица, од кои 13 се пронајдени. Сепак, најмалку 70 жители се евакуирани од околните згради, а полицијата ја опколи областа.

Од полицијата потврдија дека во истрагата им помагале тинејџерите кои сами се предале.

Зградата е на листата на наследство и претходно била дом на фабриката за капи, Хендерсон. Била празна долги години, но се планирало да се претвори во хотел.

Откако избувнал пожар во зградата, делови од фасадата почнале да се уриваат, а над градот се надвиснал густ чад.

Пожарот зафатил и други објекти, но пожарникарите успеале да го стават под контрола.