Вработен на аеродром почина откако бил вовлечен од моторот на авион


Вработен во „Делта ерлајнс“ почина откако бил вовлечен во мотор од авион на пистата на меѓународниот аеродром во Сан Антонио. Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) потврди дека член на копнениот екипаж на авиокомпанија починал откако бил вовлечен во моторот на летот на „Делта ерлајнс“. Агенцијата опишува дека работникот бил „проголтан“ во моторот. Властите …

Вработен на аеродром почина откако бил вовлечен од моторот на авион Read More »

Мајка го оставила бебето дома и отишла на одмор 10 дена, обвинета е за убиство


Кристел Канделарио (31) од Охајо е обвинета дека ја убила својата 16-месечна ќерка Џејлин, која 10 дена ја оставила сама дома и заминала на одмор. Кога се вратила од патување во Детроит и Порторико, го нашла девојчето мртво, пишува Дејли Меил. Таа пред судот под заклетва изјавила дека на 6 јуни го оставила малото девојче …

Мајка го оставила бебето дома и отишла на одмор 10 дена, обвинета е за убиство Read More »

Во Москва и регионот Воронеж укинат режимот на антитерористичката операција


Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин денеска соопшти дека се укинува режимот на антитерористичката операција воведен во руската престолнина во врска со акциите на приватната воена компанија „Вагнер“ во саботата. Собјанин ја објави својата одлука на социјалната мрежа Телеграм. Руските медиуми го цитираа локалното седиште на Федералната служба за безбедност во регионите Воронеж и Москва, кои …

Во Москва и регионот Воронеж укинат режимот на антитерористичката операција Read More »

Уште еден албански градоначалник под истрага од СПАК, бил осудуван во Грција


 Албанското специјално обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, почна истрага против градоначалникот на Кучово, Крешник Хајдари, поради „фалсификување податоци во формуларот за декриминилизација”. – Сомнежите се дека и покрај тоа што Централната изборна комисија не го спречила да се кандидира, СПАК води истрага против него за фалсификување на формуларот за декриминализација. Хајдари, затскрил дека …

Уште еден албански градоначалник под истрага од СПАК, бил осудуван во Грција Read More »

Лекарска комора: Говорот на омраза кон лекарите е на штета и на пациентите


Лекарската комора на РСМ ги осудува јавните вербални навреди, напади и притисоци врз лекарите и лекарската професија, како и неоснованите обвинувања за направена лекарска грешка, што се зачестено присутни во медиумите и социјалните мрежи. Апелираме да престане секојдневниот и голем притисок врз докторите од ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски” – Битола, кој е присутен …

Лекарска комора: Говорот на омраза кон лекарите е на штета и на пациентите Read More »

Принцот Вилијам почна да спроведува петгодишна програма за помош на бездомниците


Британскиот престолонаследник, принцот Вилијам почна да спроведува петгодишна програма за помош на бездомници „Homewards“ во која планира да обезбеди средства и стручни совети на шест локации со цел да се намали бројот на бездомници.   „Цврсто сум убеден дека со заедничка работа можеме да го направиме бездомништвото ретка појава. Со нетрпение очекувам да работам на …

Принцот Вилијам почна да спроведува петгодишна програма за помош на бездомниците Read More »

Расказ на Томислав Османли објавен во Хрватска


 Реномираниот хрватски портал ‘TRIS’ деновиве го објави расказот „Сонот на Ангеле Богев“ на македонскиот писател Томислав Османли. Станува збор за еден од расказите кои авторот жанровски ги одредува како каприча и кои ги објави во истоимената книга во издание на „Магор“ од Скопје, а овој конкретен расказ во нејзината српска објава насловена „Збир-ка-прича“, издание на новосадски „Прометеј“. …

Расказ на Томислав Османли објавен во Хрватска Read More »

Најмногу дожд во Битола


Најмногу наврнат воден талог од 42 литри на метар квадратен за изминатите 24 часа до 8 часот утрово, има во Битола. Како што информираат од УХМР, следат Претор со 16 л/м2, 9 во Струмица, Берово и Крушево, 6 во Виница, 2 во Тетово и 1 во Охрид и на Попова Шапка. Дадените вредности за количината …

Најмногу дожд во Битола Read More »

Денеска температури над 30 степени


Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието, повремено засилен ветер од северен правец. Во планинските подрачја ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до …

Денеска температури над 30 степени Read More »

На граничниот премин Богородица за излез од државата се чека околу 30 минути


На граничниот премин Богородица утрово времето на чекање за излез од државата изнесува околу 20-30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини …

На граничниот премин Богородица за излез од државата се чека околу 30 минути Read More »

Маричиќ во Ниш на потпишување на ИПА за прекугранична соработка со Србија


 Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Ниш ќе ја потпиши трилатералната финансиска спогодба за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Србија и Европска Унија. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, ИПА Програмата за прекугранична соработка, која беше усвоена од Европската комисија на 3 јуни 2022 година, има вкупен …

Маричиќ во Ниш на потпишување на ИПА за прекугранична соработка со Србија Read More »

Пожарникар спасил бебе оставено во кутија и го посвоил: „Таа е дар од Бога“


Пожарникар од Флорида веројатно немал поим колку ќе му се промени животот откако минатата година го спасил животот на едно мало девојче. Имено, додека бил на должност во својата противпожарна станица во градот Окала, го слушнал алармот што се огласува кога некој ќе стави дете во Haven Baby Box, сеф кој се наоѓа во таа …

Пожарникар спасил бебе оставено во кутија и го посвоил: „Таа е дар од Бога“ Read More »

Граѓаните на Охрид имаат рок до 30 јуни да пријават штети настанати од денешното невреме


Општина Охрид објави информација до граѓаните дека штетите врз нивниот имот настанати како последица на денешното невреме може да ги пријават до 30 овој месец. Од локалната власт појаснуваат дека барањата за пријава на штети граѓаните можат да ги подигаат во архивата на Општина Охрид, а кон барањето за обештетување задолжително се приложува имотен лист …

Граѓаните на Охрид имаат рок до 30 јуни да пријават штети настанати од денешното невреме Read More »

Хаос на аеродромот во Белград – Ер Србија едвај лета, оти нема доволно персонал


Развојот на сообраќајот на „Ер Србија“ од белградскиот аеродром според планираниот распоред на летови и натаму е исклучително тежок поради бавното работење и недоволните капацитети на одредени аеродромски услуги. Поради денешните случувања на аеродромот Никола Тесла, Ер Србија излезе со соопштение. „Во врска со другите фактори кои се специфични за тековната летна сезона, ова доведува …

Хаос на аеродромот во Белград – Ер Србија едвај лета, оти нема доволно персонал Read More »

Мајката на момчето убиец од „Рибникар“ се обидела да избега во Македонија


Миљана К., мајката на момчето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ денеска била спречена кога се обидела со ќерката да ја напушти Србија, преку граничниот премин „Прохор Пчињски“, јавуваат српските медиуми. Да потсетиме, истрага беше покрената против Миљана К., мајката на малолетното момче убиец кој на крајот на минатиот месец уби девет негови врсници и чуварот …

Мајката на момчето убиец од „Рибникар“ се обидела да избега во Македонија Read More »

Во Скопје се одржува Парада на гордоста


Во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија под мотото „Гласни и горди“ во Скопје се одржува овогодишното издание на Скопје Прајд. Учесниците се собраа во Паркот Жена во центарот на градот, а потоа по поздравните говори Парадата на гордоста продолжи со марш по скопските улици. Парадата е проследена со музика, но и е …

Во Скопје се одржува Парада на гордоста Read More »

Покрај Белград, осмиот протест Србија против насилството и во уште девет други градови


Осмиот протест Србија против насилството, покрај Белград каде се собраа помалку граѓани отколку изминатите протести, денеска се прошири и во уште девет други градови, со блокада на сообраќајот, јави дописникот на МИА од Белград. Како што беше најавено, протести се одржаа во Суботица, Зрењанин, Нови Сад, Шабац, Крагуевац, Кралево, Ниш, Пирот и Лесковац, а во …

Покрај Белград, осмиот протест Србија против насилството и во уште девет други градови Read More »

Вагнер на 200 километри од Москва – Пригожин го прекина походот: Се враќаме во базата


Основачот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, се согласи да ја деескалира ситуацијата во Русија, соопшти кабинетот на белорускиот претседател. Во соопштението, објавено на официјалниот канал на белоруското претседателство на Телеграм, се вели дека шефот на платеничката група Вагнер се согласил да го запре натамошното движење на неговите борци низ Русија. На маса е и …

Вагнер на 200 километри од Москва – Пригожин го прекина походот: Се враќаме во базата Read More »

Во Италија уапсен Албанец, запленети 72 кг кокаин и 50 илјади евра


Италијанската полиција уапсила албански државјанин и запленила над 72 килограми кокаин и 50 илјади евра. Според албанските медиуми, се започнало со рутинска контрола на патот на автомобил “Пежо 208” кој се движел кон Кавриаго од областа на стадионот Мапеи. Мажот кој го управувал автомобилот не ги послушал полициските наредби да застане, што резултирало со потера …

Во Италија уапсен Албанец, запленети 72 кг кокаин и 50 илјади евра Read More »

Метеж на преминот Дојран и „Богородица“ кон Грција, се чека по час и половина


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Богородица”, времето на чекање за излез од државата изнесува околу час и половина, додека на граничниот премин „Дојран”, времето на чекање за излез од државата изнесува околу еден час, информираат од АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна нема …

Метеж на преминот Дојран и „Богородица“ кон Грција, се чека по час и половина Read More »