Општина Кочани ќе кофинансира изградба на пат до локалитетот Добра Вода


Општина Кочани со средства од буџетот ќе кофинансира во изградбата и асфалтирањето на пристапниот пат од селото Оризари до манастирот „Пресвета Богородица“ кај локалитетот Добра Вода. Проект е одбран како еден од приоритетните на седницата на Центарот за развој на Источниот плански регион и за него е поднесена апликација за финансирање од Агенцијата за финансиска …

Општина Кочани ќе кофинансира изградба на пат до локалитетот Добра Вода Read More »

Србија: Опозицијата и Вук Јеремиќ собираат потписи против приемот на Косово во ОН


Лидерот на српската опозициска Народна странка (НС) Вук Јеремиќ денеска ја почна акцијата на собирање на потписи на граѓаните против договорот со кој Србија би овозможила прием на Косово во Обединетите нации. Јеремиќ изјави дека целта на иницијативата е испраќање на порака до владата дека граѓаните на Србија се противат за членството на Косово во …

Србија: Опозицијата и Вук Јеремиќ собираат потписи против приемот на Косово во ОН Read More »

Благодарност од Грчкиот секретаријат за цивилна заштита до земјите за помошта, меѓу нив и Македонија


Од Генералниот секретаријат за цивилна заштита, соопштуваат кои земји понудиле помош за справување со катастрофалните пожари, а воедно изразуваат и искрена благодарност до сите што брзо одговориле на грчките барања. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Грција побара помош преку Европскиот механизам за цивилна заштита. Дел од земјите понудија помош преку Унијата, дел …

Благодарност од Грчкиот секретаријат за цивилна заштита до земјите за помошта, меѓу нив и Македонија Read More »

Во центарот на Белград откриени ексползивни направи и муниција


Во центарот на Белград, зад црквата Свети Марко на Ташмајдан, денеска е откриена голема количина на експлозивни направи и муниција. Како што информираат белградските медиуми, граѓаните меѓу црквата Свети Марко и зградите во Таковска улица забележале оставен сомнителен ранец и веднаш за тоа ја известиле полицијата. Според првичните информации, во ранецот биле пронајдени две димни …

Во центарот на Белград откриени ексползивни направи и муниција Read More »

Приведени 29 албански државјани кои непријавено работеле во Тетовско


Во полициска акција на две локации во Тетово и село Џепчиште изутрината биле откриени и приведени вкупно 29 албански државјани кои работеле како градежни и земјоделски работници. Како што информира МВР, денеска во периодот од 5:00 до 6:00 часот од страна на полициски службеници од СВР-Тетово спроведена е акциска контрола за откривање и законско санкционирање …

Приведени 29 албански државјани кои непријавено работеле во Тетовско Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Нема поместување на ставот за референдумското прашање


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски денеска изјави дека во однос на референдумското прашање и карактерот на референдумот во моментов нема никакво поместување и оти ставот на партијата веќе неколку пати го соопштиле. – Нашиот став во однос на прашањето веќе неколку пати го кажавме. Тој е јасен и според законските норми и европските начела во …

ВМРО-ДПМНЕ: Нема поместување на ставот за референдумското прашање Read More »

Антонио Милошоски чека четврто дете, сопругата повторно бремена


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски се пофали на својот Фејсбук профил дека неговата сопруга е повторно бремена. Тој напиша дека Дариа, Давид и Михаела наскоро ќе добијат сестричка. – Прекрасна вест, за радосна година: пак сме трудни. Давид, Дариа и Михаела ќе добијат уште една сестричка, а мама и тато уште една принцеза, здравје Боже …

Антонио Милошоски чека четврто дете, сопругата повторно бремена Read More »

Се воведува лимит на трошоците на граѓаните при користење потрошувачки кредити


Ограничување на надоместоците кои ги плаќаат граѓаните при одобрување и отплата на потрошувачки кредити, е главна цел на измените во новиот Предлог-закон за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити. Од Министерството за финансии денеска соопштија дека со ограничување на надоместоците, односно на годишната стапка на вкупни трошоци, ќе се намалат трошоците кои граѓаните …

Се воведува лимит на трошоците на граѓаните при користење потрошувачки кредити Read More »

Пукале со оружје на свадба во Тетово и повредиле жена


Една жена е повредена во левата надлактица од огнено оружје додека била на свадба во двор од куќа во Тетово, додека друго лице во полицијата пријавило дека ветробранското стакло на неговото возило било оштетено од огнено оружје после наплатната рампа во Тетово, кога покрај него минала свадбена колона. Полицијата соопшти дека синоќа во 21:50 часот …

Пукале со оружје на свадба во Тетово и повредиле жена Read More »

Тракторска несреќа: Едно дете почина, а три се повредени


Десетгодишно дете починало, а три други се повредени во несреќа со трактор, кога децата паднале од металната корпа која била прикачена на возилото, соопшти полицијата. Како што информираат од полицијата, синоќа околу 20:00 часот во нива лоцирана над крстосницата за село Сливник, покрај пат кој води кон село Рлевци-велешко С.С. (18) од село Бузалково го …

Тракторска несреќа: Едно дете почина, а три се повредени Read More »

(ФОТО/ВИДЕО) Раскажани трагични судбини од пожарите во Грција


Катастрофалниот пожар во источниот дел на областа Атика во поширокиот дел на Атина остави зад себе пустош, загубени животи, трагични судбини и населби што наликуваат на бомбардирано место со целосно изгубени бои. Приморската населба Мати што беше најпогодена во ништо не потсетува на едно од омилените летувалишта на Атињаните. Од сината боја на морето и …

(ФОТО/ВИДЕО) Раскажани трагични судбини од пожарите во Грција Read More »

Нова терапија за пациентите со хепатит, клучно раното откривање


Со нова терапија ќе се лекуваат пациентите со вирус Хепатит од крајот на годинава, ќе се изработи и национална стратегија, но клучно за справување со овој проблем се скринингот и раното откривање, порача денеска министерот за здравство Венко Филипче. – Доколку оваа болест се открие рано со новата терапија може многу лесно да се третира …

Нова терапија за пациентите со хепатит, клучно раното откривање Read More »

Во Албанија уапсен македонски државјанин поради шверц на оружје


Албанската полиција соопшти дека е уапсен македонски државјанин, со живеалиште во Косово, поради недозволена трговија со оружје и муниција. Според полициското соопштение, уапсен е И.С (32) родум од Скопје, сега жител на селото Димце, општина Хан Елези, Косово. – По подолга истрага и следење на осомничени лица членови на криминална група за недозволена трговија на …

Во Албанија уапсен македонски државјанин поради шверц на оружје Read More »

Партиите сè уште се договараат околу референдумското прашање


Граѓаните се во очекување на одлуката за распишување референдум за името. Парламентарните партии сè уште водат разговори да се постигне договор, особено откако во понеделникот лидерите соопштија дека имаат разлики, главно за референдумското прашање. Во неколку официјални изјави премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери најавија дека до 30 јули референдумот треба да …

Партиите сè уште се договараат околу референдумското прашање Read More »

Граѓаните и фирмите земале повеќе кредити во вториот квартал


Домаќинствата и корпоративниот сектор најмногу придонесоа за раст на кредитната активност во вториот квартал од годинава, покажува најновиот извештај на Народната банка. Според извештајот, на годишна основа, кредитниот раст на крајот на вториот квартал од годинава достигна 6,3 отсто. Во однос на изворите на финансирање, забележан е забрзан раст и на депозитите. Годишниот раст на …

Граѓаните и фирмите земале повеќе кредити во вториот квартал Read More »

Превртен автомобил кај Кавадарци, повредени две лица


Две лица биле повредени синоќа во сообраќајна несреќа на патот Кавадарци-Неготино откако се превртел автомобилот во кој се возеле. Повредени се возачот на автомобилот „мерцедес” Е 190 со битолски регистарски броеви и четиринаесетгодишен сопатник. – Сообраќајката се случила во 21 часот на регионалниот пат Кавадарци – Неготино, кај кафeанатa „Три багрема“. Во сообраќајната незгода, се …

Превртен автомобил кај Кавадарци, повредени две лица Read More »

СЗО: Вирусниот хепатитис Б и Ц загрозува 35 милиони луѓе


Светската здравствена организација (СЗО) и нејзините партнери денеска ги повикаа сите земји и здравствени институции итно да ги интензивираат тестовите за хепатитис со цел да го елиминираат вирусниот хепатитис како закана за јавното здравје до 2030 година. – Овој апел е испратен во пресрет на Светскиот ден за борба против хепатитис, на 28 јули, со …

СЗО: Вирусниот хепатитис Б и Ц загрозува 35 милиони луѓе Read More »

Идентификувани телата на деветгодишните близначки исчезнати во пожарите во Атика


Трагично заврши случајот со двете близначки кои од понеделникот се водеа за исчезнати по катастрофалниот пожар во источниот дел на областа Атика во поширокиот дел на Атина. Доцна синоќа, приватниот истражувач, ангажиран од семејството, Јоргос Цукалис потврди дека во Институтот за судска медицина биле идентификувани телата на деветгодишните Василики и Софиа Филипопулу. На близначките и …

Идентификувани телата на деветгодишните близначки исчезнати во пожарите во Атика Read More »

Хороскоп: Што ви кажуваат ѕвездите за денес


ОВЕН: Сè уште под влијание на лунарната еклипса, успевате да ги елиминирате активностите кои ве спречуваат од кармичко исполнување. Се ослободувате од должностите, вината и предрасудите што ги имавте за себе си. Раздолжете се. БИК: Понекогаш е потребна голема работа за да се добие саканото – поставувате основа за конструкција на нова структура и инвестирате …

Хороскоп: Што ви кажуваат ѕвездите за денес Read More »

Сончево со умерена облачност


Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 14 до 22, а  дневната од 24 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 20, …

Сончево со умерена облачност Read More »