Превртен автомобил кај Кавадарци, повредени две лица


Две лица биле повредени синоќа во сообраќајна несреќа на патот Кавадарци-Неготино откако се превртел автомобилот во кој се возеле.
Повредени се возачот на автомобилот „мерцедес” Е 190 со битолски регистарски броеви и четиринаесетгодишен сопатник.

– Сообраќајката се случила во 21 часот на регионалниот пат Кавадарци – Неготино, кај кафeанатa „Три багрема“. Во сообраќајната незгода, се превртел патнички автомобил марка „мерцедес” Е 190 со битолски регистарски броеви, управуван од Е.Б.(40) од селото Марена – кавадаречко, информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.