Триесетдневен притвор за татко и син – дилери на дрога


Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против татко и син, за кои постои основано сомнение дека извршиле кривичното дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. -Осомничениот 53-годишен жител на Тетово и неговиот 27-годишен син како соизвршители заради продажба држеле 9450,00 грама наркотична дрога марихуана. …

Триесетдневен притвор за татко и син – дилери на дрога Read More »

Понеделник, 9 септември, неработен ден за сите граѓани


Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно Законот за празниците, 8 септември (недела), Денот на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Од Министерството на граѓаните им го честитаат Денот на независноста.

Слободни 7.430 работни места, најмногу во услужната дејност 2.944


Во земјава има вкупно 7.430 слободни работни места. Од нив најголем број 2.944 се во услужни дејности и продажба. Во преработувачката индустрија има слободни 1.971, 1.446 во трговијата и 979 во објекти за сместување и сервисни дејности со храна. Објавените податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во второто тримесечје од годинава, стапката на …

Слободни 7.430 работни места, најмногу во услужната дејност 2.944 Read More »

Нова депонија на Шапка: Природата нам со убавини, ние со ѓубре


Несовесноста на граѓаните и нефункционалниот систем ни помагаат да бидеме успешни во единствениот национален спорт што го играме сите: фрлањето ѓубре и уништување на природата. Фотографиите што вчера ги направивме од туристичкиот центар Попова Шапка сведочат за раѓање дива депонија среде прекрасниот пејзаж над Тетово. Купишта ѓубре, кабаст отпад, па и градежен шут очигледно не …

Нова депонија на Шапка: Природата нам со убавини, ние со ѓубре Read More »

Адеми: Дијалогот со СОНК е коректен, нема причина за штрајк


Со СОНК имаме коректен и конструктивен социјален дијалог и ќе го продолжиме. Ќе ги разгледаме сите податоци и аргументи и во партнерски однос со Синдикатот ќе одлучиме како Влада за идното покачување на платите на наставниците, изјави министерот Арбер Адеми при посетата на ОУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче. Го почитува синдикалното организирање и одлуките …

Адеми: Дијалогот со СОНК е коректен, нема причина за штрајк Read More »

Премиерот на Грузија поднесе оставка


Грузискиот премиер Мамука Бахтаѕе поднесе оставка, истакнувајќи дека ја исполнил својата мисија. – Создадена е рамката за развој и затоа одлучив да поднесам оставка, бидејќи верувам дека досега ја исполнив својата мисија, напиша тој на Фејсбук профилот. Бахтаѕе им заблагодари на сите министри и на основачот на владејачката партија Грузиски сон, Биѕина Иванишвили за поддршката …

Премиерот на Грузија поднесе оставка Read More »

Одложено судењето за хеликоптерската несреќа кај Струмица


Судењето за уривањето на полицискиот хеликоптер пред повеќе од пет години во близина на Струмица, кое требаше да почне денеска, е одложено за идниот месец, информираше потпаролката на Основниот суд во Струмица, судијката Цона Каламерникова, која и ќе го суди ова дело. – На барање на адвокатот на еден од обвинитетите поради негово отсуство од …

Одложено судењето за хеликоптерската несреќа кај Струмица Read More »

Партијата на Ангела Меркел против соработка со ултрадесничарите


Партијата на десниот центар на германската канцеларка Ангела Меркел исклучува можност за соработка со ултрадесничарската Алтернатива за Германија, која на вчерашните две регионални гласања освои четвртина од гласовите. Претседателката на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Анегрет Крамп-Каренбауер изјави дека во источната држава Саксонија постигнат е „тежок резултат“. Таму ЦДУ доби 32,1 отсто од гласовите, во однос на …

Партијата на Ангела Меркел против соработка со ултрадесничарите Read More »

Неделков задоволен од штрајкот на СОНК, нема притисоци да го прекинат


Во сите региони каде што СОНК има синдикални организации, а буквално има во секоја општина, се почитува одлуката на Советот на СОНК да се пристапи кон предупредувачкиот штрајк и јас сум апсолутно задоволен. Од наши извори дознаваме дека и оние што не се наши членови на многу места се приклучуваат на штрајкот и им благодарам …

Неделков задоволен од штрајкот на СОНК, нема притисоци да го прекинат Read More »

„Чао друштво“ – им рече Лила на новинарите по распитот за „Рекет“


Водителката Лила Филиповска денеска повеќе од еден час беше на распит во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во врска со итрагата за случајот „Рекет“. Од Обвинителтвото за МИА велат дека Филиповска била повикана да даде потребни известувања. Таа на излегување од Обвинителството не сакаше да даде изјава за медиумите. На новинарските екипи …

„Чао друштво“ – им рече Лила на новинарите по распитот за „Рекет“ Read More »

Осигурителниот пазар во последните 10 години со највисоки стапки, има перспективи за равој 


Осигурителниот пазар во земјава во последните 10 години бележи највисоки стапки, а перспективите ќе бидат уште поголеми со подигнување на свесноста кај граѓаните за потребата од осигурувањето и подобрувањето на животниот стандард. Ова го истакнува Климе Попоски, претседателот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, кој од утре ќе учествува на Осигурителен супервизорски форум на високи …

Осигурителниот пазар во последните 10 години со највисоки стапки, има перспективи за равој  Read More »

Ангеловска го презеде управувањето со Министерството за финансии


Новата министерка за финансии Нина Ангеловска денеска го презема управувањето со Министерството за финансии. Министерката оствари средба со заменик министерката за финансии Ширет Елези и државниот секретар Јулијана Петановска, на која се дискутирани тековните активности на Министерството за финансии. Ангеловска на позицијата министер за финансии доаѓа од приватниот сектор. Таа е основач на „Групер“ – …

Ангеловска го презеде управувањето со Министерството за финансии Read More »

Седумгодишно дете – прва жртва на ураганот Доријан


Седумгодишно момче се удави, а неговата сестра се води за исчезната кога ураганот Доријан вчера ги погоди Бахамите, прераснувајќи во категорија пет. Со тоа тој стана најсилна бура во светот оваа година. Високите бранови, обилните дождови и разорните ветрови со јачина и до 320 километри во час вчера ги погодија Бахамите и се приближува до …

Седумгодишно дете – прва жртва на ураганот Доријан Read More »

Лила Филиповска на распит за случајот „Рекет“


Водителката Лила Филиповска утрово пристигна во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, бидејќи е повикана на распит за случајот „Рекет“. Водителката Филиповска беше во автомобилот заедно со Бојан Јовановски-Боки 13, кога беше уапсен на граничниот премин „Богородица“, како осомничен во „Рекет“.

Дали освен УБК и „големите уши“ ќе станат историја?


Управата за безбедност и контраразузнавање, која во 2015 година беше посочена како главен извор на големата политичка криза во земјава – поради масовното прислушување од кое произлегоа и „бомбите“, од вчера веќе не постои. Наместо УБК, од 1 септември официјално почна со работа новата Агенција за национална безбедност (АНБ), формирана согласно препораките што произлегоа од …

Дали освен УБК и „големите уши“ ќе станат историја? Read More »

ДЗС: Потребна е максимална одговорност на граѓаните, општините и институциите поради пожарите


Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски, апелира на зголемена будност и совесност на населението поради алармантната состојба со пожарите на отворен простор на територијата на цела држава. Посебно повикува, сите граѓани строго да се придржуваат кон забраната за движење во шумите. -Во исто време, упатувам апел до градоначалниците и единиците на локална …

ДЗС: Потребна е максимална одговорност на граѓаните, општините и институциите поради пожарите Read More »

По крвавиот настан во Гостивар, сопружниците во стабилна состојба


Сопружниците С.Р. (54) и Б.Р (60) кои утрово беа пренесени со повреди на скопските клиники, се во стабилна здравствена состојба. Според директорот на клиниката за торкална и васкуларна хирургија, Неџати Јакупи по санирањето на повредите, пациентите се задржани заради лекување и дополнителни испутувања. Жената имала повеќе од 20 убодни рани, а мажот потешка повреда на …

По крвавиот настан во Гостивар, сопружниците во стабилна состојба Read More »

(ВИДЕО) Биг Мајк најави од 30 до 40 илјади работни места во Македонија


Канабис-ѕвездата Мајк Штрауметис познат како Биг Мајк на заминување од Македонија преку видео најави дека возможно е да се отворат од 30 до 40 ијлади работни места во земјава во следните две до три години. Тој вели дека премиерот Зоран Заев ја согледал можноста и сфатил дека од канабисот може да се подобри економијата. – …

(ВИДЕО) Биг Мајк најави од 30 до 40 илјади работни места во Македонија Read More »

СОНК не отстапува, утре организира предупредувачки штрајк за повисоки плати


Синдикатот за образование, наука и култура-СОНК утре ќе организира предупредувачки штрајк во сите основни и средни училишта во земјава затоа што, како што рече претседателот Јаким Неделков, до денеска со МОН не е постигнат договор. Одлуката за штрајк на првиот училиштен ден СОНК ја донесе на 23 август затоа што не се согласува покачувањето на …

СОНК не отстапува, утре организира предупредувачки штрајк за повисоки плати Read More »

Албанија забрани влез на 27 тони пилешко месо од Бразил


Албанската Агенција за контрола на храна забрани влез на 27 тони пилешко месо увезено од Бразил. – При контрола од страна на инспекторите за храна во пристаништето Драч, откако беше констатирано дека е небезбедно за консумирање блокирани се 27 тони пилешко месо со потекло од Бразил, а наменето за албанскиот пазар. Пратката имаше невалиден ветеринарен …

Албанија забрани влез на 27 тони пилешко месо од Бразил Read More »