Сончево и топло со температура до 30 степени


Сончево време со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер ќе преовладува денеска во Македонија. Ветерот повторно ќе се засилува долж Повардарието. Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 степени, а дненвите од 25 до 31 степени. УВ индексот ќе биде 7. Во Скопје слично време со умерен северозападен …

Сончево и топло со температура до 30 степени Read More »

МВР: Градоначалникот на Демир Хисар изјави дека снимката е од јануари 2018 година


Министерството за внатрешни работи доцна вечерва соопшти дека градоначалникот на Демир Хисар Марјанче Стојановски бил повикан на информативен разговор поради видео-снимката која се појави денеска на интернет. -Градоначалникот Стојановски во разговорот изјави дека снимката која се појавила на интернет е од протест во О.У. Гоце Делчев во Демир Хисар кој се случил во средината на …

МВР: Градоначалникот на Демир Хисар изјави дека снимката е од јануари 2018 година Read More »

СЕХА лига: Металург поразен од Нексе во Скопје


Металург претрпе пораз од 27:32 на натпреварот во Скопје против Нексе Нашице  во рамките на третото коло на СЕХА лигата. По почетното водство на гостите од Хрватска, ракометарите на Металург во десетата минута успеаа да израмнат на 5:5. Неколку минути се играше гол за гол, а избраниците на Данило Брестовац со серија грешки повторно му дозволија …

СЕХА лига: Металург поразен од Нексе во Скопје Read More »

Пандев: Играта се заборава, резултатот се памти


Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев изнуди пенал и постигна гол во триумфот над Ерменија по кои „црвено-жолтите“ ја продолжија серијата од девет натпревари без пораз. Македонија победи со 2:0 и се зацврсти на првото место во Групата 4 од Лигата на нации. – Тоа е најважно. Во минатото игравме добро и со силни …

Пандев: Играта се заборава, резултатот се памти Read More »

Македонија ја совлада Ерменија во Лигата на нациите


Македонија ја совлада Ерменија со 2:0 во натпревар од второто коло на Лига на нациите. Македонските фудбалери ја искористија предноста на домашниот терен и одлично го започнаа натпреварот. Гостите во 12-та минута направија прекршок во шеснаесетникот врз капитенот Горан Пандев, а главниот судија досуди пенал, по што фудбалерот на Лидс, Езџан Алиоски, успешно реализираше од …

Македонија ја совлада Ерменија во Лигата на нациите Read More »

Ципрас посакува Заев да го добие референдумот


Солун –– На 30 септември има референдум во Скопје. Посакувам и се надевам дека мојот пријател Зоран Заев ќе го добие. Имаме пред нас многу важен и од историско значење договор, кој ако се ратификува на референдумот во соседната земја и ако се заврши уставната реформа ќе донесе единствена можност за земјата, рече грчкиот премиер …

Ципрас посакува Заев да го добие референдумот Read More »

Германскиот советник ќе дојде до крајот на годинава


Испраќање економски советник од Германија и формирање управувачки комитетот меѓу двете земји се двата чекори што ќе се преземат во напорите за зајакнување на екомската соработка, но и во обидите на Берлин да и помогне на Македонија да се адаптира кон условите, кои владеат во ЕУ. За ова било разговарано на вчерашната средба меѓу премиерот …

Германскиот советник ќе дојде до крајот на годинава Read More »

Анѓушев: Фломастерот падна од висина и удри на масата


Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска на прес-конференцијата во Владата изрази жалење дека бил погрешно разбран на брифингот со новинарите пред неколку дена на кој, според него, му паднал фломастерот и удрил на масата, а за кој, беше обвинет дека со тоа нападнал новинар. – На брифингот во Владата на РМ додека објаснував …

Анѓушев: Фломастерот падна од висина и удри на масата Read More »

Сара Мејс ситно брои до породување


Македонската поп-пејачка Сара Мејс преку социјалните мрежи најави дека терминот за нејзиното породување доаѓа и дека секој момент може да биде зафатена со, како што рече: „Давање живот“. Таа најави дека има и нова песна „Црна капина“ и на фановите им порача дека утре ќе може да ја слушнат премиерно на каналот „Јутјуб“. „Сè е подготвено …

Сара Мејс ситно брои до породување Read More »

Турција, Русија и Иран ќе тргуваат со своите национални валути


Турција, Русија и Иран планираат да стават крај на хегемонијата на американскиот долар при тргувањето. Трите земји се договорија да ги спроведат меѓусебните трговско-економски операции преку плаќање со националните валути, изјави претседателот на иранската Централна банка, Абдуннасер Химети. Според него, во блиска иднина шефовите на централните банки ќе одржат заедничко советување, на кое ќе го …

Турција, Русија и Иран ќе тргуваат со своите национални валути Read More »

Заев: Односите со Русија може да се унапредуваат во повеќе области


Нема докази за диркетно мешање на Русија или на која било земја во внатрешните работи на Македонија. Ставовите на пријателска Русија, но и на другите пријателски земји се познати. Сите заедно се за ЕУ, но за НАТО Русија има поинаков став од ЕУ и САД. Ова го истакна денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција во …

Заев: Односите со Русија може да се унапредуваат во повеќе области Read More »

Полицијата во Перт откри пет безживотни тела во околината на градот


Австралиската полиција денеска откри пет безживотни тела, меѓу кои на жена и деца, во едно предградие во градот Перт. Полицијата сослушува момче на 20 годишна возраст, кое дошло денеска во полициска станица во Перт и соопштило за грозоморниот случај. Засега нема официјална потврда од страна на полицијата колку тела се пронајдени во куќата во предградието …

Полицијата во Перт откри пет безживотни тела во околината на градот Read More »

Сенаторот Џонсон импресиониран од храброста со која е надминат спорот со Грција


Американскиот сенатор и претседавач на Комитетот за национална безбедност и на Поткомитетот за европска и регионална безбедносна политика, Рон Џонсон на денешната средба со премиерот Зоран Заев изразил импресионираност за храброста, односно начинот на кој Македонија и Грција го решиле повеќедеценискиот спор со потпишувањето на Договорот за името и стратешка соработка. Тој на средбата, како …

Сенаторот Џонсон импресиониран од храброста со која е надминат спорот со Грција Read More »

Вучиќ: Не сме блиску до решение за Косово и не сум оптимист


Српскиот претседател Александар Вучиќ во својот говор во Косовска Митровица пред косовските Срби изјави дека Србија нема никакво предлог-решение во Брисел и дека е далеку од постигнување на било какво решение. Тој додаде дека мора да се бара решение и не е оптимист по тоа прашање. Својот говор го започна со извинување бидејќи поради „блокадите …

Вучиќ: Не сме блиску до решение за Косово и не сум оптимист Read More »

ЕУ изрази жалење поради спречувањето на Вучиќ да го посети селото Бање


Шефицата на Канцеларијата на Европската унија (ЕУ) во Приштина Наталија Апостолова изјави дека ЕУ жали поради тоа што на српскиот претседател Александар Вучиќ не му беше дозволено да го посети селото Бање кај Скендерај (Србица), јави дописникот на МИА од Приштина. Апостолова во изјава за „Коха Диторе“ рече дека ѝ е жал поради блокадите поставени …

ЕУ изрази жалење поради спречувањето на Вучиќ да го посети селото Бање Read More »

Уапсени и повредени во вчерашните инциденти во Солун


Од 28 приведени, осум лица се уапсени, меѓу кои двајца малолетници. Повредени се 15 полицајци, а предизвикана е материјална штета на продавници, објекти, на канти за отпадоци и паркирани автомобили во синоќешните инциденти во центарот на Солун, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Како што јави дописничката на МИА од Атина, маскирани лица палеа канти за …

Уапсени и повредени во вчерашните инциденти во Солун Read More »

Дарко Каевски – кандидат за претседател на СДММ


Дарко Каевски (29), директор на Агенцијата за млади и спорт, според партиски извори, е најсериозен кандидат за нов претседател на СДММ – младинската организација на владејачката партија.  Каевски, според информациите,  засега е единствен кандидат. Конвенцијата на СДММ за избор на нов претседател  штотуку почна во објектот на МКЦ, а очекувањата се дека ќе финишира со …

Дарко Каевски – кандидат за претседател на СДММ Read More »

Џонсон: Излезете и искористете го своето право да гласате на референдумот


Излезете и искористете го своето право да гласате на престојниот референдум. Дајте им дознаење на вашите лидери дека ја поддржувате вашата нација и чекорењето на земјата на патот кон евроатлантските интеграции. Со оваа порака излезе денеска американскиот сенатор Рон Џонсон по средбата што ја имаше во Владата со премиерот Зоран Заев. Сенаторот Џонсон средбата со …

Џонсон: Излезете и искористете го своето право да гласате на референдумот Read More »

Парламентарни избори во Шведска


Шведска денеска избира нов парламент, а исто така и 20 провинциски и 290 општински собранија. Според аналитичарите, изборите ќе завршат без ниту една партија да освои потребно мнозинство, а екстремната десница би можела да добие позиција на арбитер во Парламентот. Право на глас имаат околу 7,5 милиони луѓе. По изборите составот на новата влада се …

Парламентарни избори во Шведска Read More »

Заклучен избирачкиот список – цензусот тежи 903.169 гласови


Државната изборна комисија го заклучила викендов избирачкиот список за престојниот референдум. Право на глас на 30 септември имаат вкупно 1.806.336 избирачи. Според тоа, за да се постигне предвидениот цензус од 50 проценти плус еден глас, на референдумот треба да излезат најмалку 903.169 гласачи. Престојниот референдум за договорот за името е консултативен, што според референдумската регулатива, значи …

Заклучен избирачкиот список – цензусот тежи 903.169 гласови Read More »