Сара Мејс ситно брои до породување


Македонската поп-пејачка Сара Мејс преку социјалните мрежи најави дека терминот за нејзиното породување доаѓа и дека секој момент може да биде зафатена со, како што рече: „Давање живот“.

Таа најави дека има и нова песна „Црна капина“ и на фановите им порача дека утре ќе може да ја слушнат премиерно на каналот „Јутјуб“.

„Сè е подготвено на аутоплеј на Јутјуб, доколку јас бидам зафатена со давање живот. Песната и спотот ќе запловат во етерот на мојот канал“, напиша пејачката на својот профил на Инстаграм.

Сара долгогодишната љубов со водителот Димитар Атанасовски ја круниса со брак. Двајцата во јавноста зборуваа дека периодот од бременоста на Сара го поминуваат добро. Тие наголемо се подготвуваат за новата животна улога – родителството.

Таа на естрадата е активна повеќе од пет години. Почна со дуетот „Цимерки“, а стана препознатлива по хитовите „Врне, врне“, „Сон“, „Намбареја“. Ангажирана е како харфистка во Македонската опера и балет, а понекогаш настапува и со Македонската филхармонија.