Украина планира да стане членка на НАТО по Македонија


Шефот на украинската мисија при НАТО во Брисел, Вадим Пристајко за украинските медиуми изјави дека Украина ги има сите шанси да се приклучи кон Алијансата откако нејзина членка ќе стане Македонија. – Како што знаете, освен Македонија, три други земји, меѓу кои Босна и Херцеговина, Грузија и Украина, се подготвуваат за членството во Алијансата, изјави …

Украина планира да стане членка на НАТО по Македонија Read More »

Револуционерна модуларна микро ЛЕД технологија на екраните на Самсунг


Компанијата „Самсунг Електроникс“ ги претстави своите најнови иновации со модуларната Микро ЛЕД дисплеј технологија во рамки на годишниот ЦЕС настан – „Прв поглед“ (First Look) кој се одржа во Ариа Ресорт & Казино во Лас Вегас. Револуционерните нови дизајни на Микро ЛЕД технологијата ги вклучуваат: новиот 75 инчен дисплеј, 219-инчниот екран “The Wall“, како и …

Револуционерна модуларна микро ЛЕД технологија на екраните на Самсунг Read More »

УЗКН со 19 активности во 2018-Европска година на културното наследство


Вкупно 19 активности, од кои 15 спроведени во Македонија, а четири реализирани во делот на меѓународни активности, опфати Националната програма која минатата година ја изготви Управата за заштита на културното наследство (УЗКН), за да се придружи во одбележувањето на 2018-Европска година на културното наследство. Програмата се спроведе под слоганите „Нашето наследство – европска вредност!“ и …

УЗКН со 19 активности во 2018-Европска година на културното наследство Read More »

Кирацоски: Обезбедена е двотретинска поддршка за уставните измени


Обезбедена е поддршката на минимум 80 пратеници за усвојување на уставните измени, изјави денеска на прес-конгеренција генералниот секретар на СДСМ и пратеник Александар Кирацоски. -Со иницирање на уставните измени РМ станува дел од ЕУ и НАТО. Често ме прашуваат дали обезбедивте двотретинско мнозинство. Јас таа фраза обезбедени пратеници не сакам да ја користам, туку имам …

Кирацоски: Обезбедена е двотретинска поддршка за уставните измени Read More »

Малта ќе им дозволи влез на мигрантите блокирани на хуманитарните бродови


Малта ќе им дозволи пристап на нејзина териуторија на 49-те мигранти кои од минатиот месец се блокирани на два хуманитрани брода во близина на нејзините територијални води, соопшти денеска малтешкиот премиер Џозеф Мускат. Двата хуманитарни брода, „Си Воч 3“ и „Си Ај“ пред Нова година ги спасија 49-те мигранти во водите на Средоземното Море и …

Малта ќе им дозволи влез на мигрантите блокирани на хуманитарните бродови Read More »

Заради Тунтев, седницата одложена за 16 часот


Собраниската седница на која треба да се финализира фазата околу уставните измени е одложена за во 16 часот. Одложувањето следува поради оставката од пратеничката функција на пратеникот Томислав Тунтев. Тој си поднесе оставка како пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ. Се очекува оставката на Тунтев да биде констатирана на денешната собраниска седница, а …

Заради Тунтев, седницата одложена за 16 часот Read More »

(ФОТО) Протести пред Собрание, центарот блокиран од сите страни


Стотина граѓани во моментов се собрани пред зградата на парламентот во центарот на Скопје, кадешто треба да започне финалната фаза за уставните измени околу спроведување на Договорот од Преспа. Од звучниците ечи патриотска музика. Околу Собранието е распределен огромен број на полиција, меѓукои и припадници на специјалната полиција. Центарот околу Скопје е блокиран од сите …

(ФОТО) Протести пред Собрание, центарот блокиран од сите страни Read More »

Светска банка: Mакедонската економија годинава со раст од 2,9 отсто, а следната 3,2


Македонија минатата година забележа економски раст од 2,5 отсто, а во 2019-та ќе достигне 2,9 проценти, објави Светска банка во јануарскиот Глобален економски извештај. За 2020 година Светска банка предвидува раст на македонскиот БДП од 3,2 отсто, а во 2021 од 3,3 проценти. Проекциите на банката за Македонија се коригирани во нагорна линија за 0,2 …

Светска банка: Mакедонската економија годинава со раст од 2,9 отсто, а следната 3,2 Read More »

Засилени контроли за исплатата на К-15


Државниот инспекторат за труд прави засилени контроли во приватните фирми за исплата на К-15 на вработените. Надзорот, што почна од почетокот на годината, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика, ќе се спроведува до крајот на февруари, а инспекторите ги посетуваат правните субјекти од сите дејности, вклучувајчи ги и фабриките за производтсво на текстил …

Засилени контроли за исплатата на К-15 Read More »

Средба Ципрас-Каменос за иднината на грчката Влада


Коалициските партнери во грчката Влада, Алексис Ципрас и Панос Каменос веројатно в петок ќе одржат средба за иднината на нивната соработка, на која, како што се приближува моментот кога Договорот од Преспа ќе стигне на грчки терен, се чини дека и се гледа крајот, јави дописничката на МИА од Атина. Иако се споменуваше дека средбата …

Средба Ципрас-Каменос за иднината на грчката Влада Read More »

РСБСП со препораки за возачите и за пешаците како да останат безбедни во сообраќајот во зима


Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до возачите во зимски услови да го прилагодат возењето спрема временските услови и условите на патот, да ги почитуваат пешаците и да се погрижат за нивната безбедност во сообраќајот, а пешаците да внимаваат затоа без разлика дали се движат на тротоар, на пешачки премин или …

РСБСП со препораки за возачите и за пешаците како да останат безбедни во сообраќајот во зима Read More »

Седница на ДИК, мандатот на пратеникот Тунтев на дневен ред


Државната изборна комисија на денешната седница треба да го разгледа и усвои извештајот за преземените работи согласно членот 153 од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Македонија, по известувањето од претседателот на Собранието за престанок на мандатот на пратеникот Томислав Тунтев. Томислав Тунтев си поднесе оставка како …

Седница на ДИК, мандатот на пратеникот Тунтев на дневен ред Read More »

Македонија под снег, нема забрани во сообраќајот


Интензивни врнежи од снег ја зафатија источна и југоисточна Македонија. Внимателно да се вози по магистралните и регионалните патишта препорачуваат од „Македонија пат“. Раководителот на Регионална подружница ЈП „Македонја пат Штип“, Кире Коцев за МИА вели дека во моментов на терен имаат 20 камиони кои ги расчистуваат коловозите и фрлаат абразивен материјал и сол. Во …

Македонија под снег, нема забрани во сообраќајот Read More »

Вкупно 61 вакцина со погрешни декларации


Во екот на епидемијата на морбили, информацијата за нови заболени во Скопје и кампањата за вакцинација од страна на здравствените власти за да не се прошири заразата, на социјалните мрежи беше споделена кутија од вакцината МРП со декларација на која рокот за траење беше застарен – до октомври 2018 година. Реагирајќи на тоа, министерот за …

Вкупно 61 вакцина со погрешни декларации Read More »

Ким Џонг-ун ја заврши посетата на Кина


Возот со Ким Џонг-ун замина од Пекинг, каде што лидерот на Северна Кореја престојуваше во дводневна посета. Тој имаше средба со кинескиот претседател Си Џинпинг, на која се претпоставува дека зборувале за можен втор Самит на САД и Северна Кореја, јави јужнокорејската агенција Јонхап. Ким пристигна во Пекинг вчера и имаше едночасновна средба со Си. …

Ким Џонг-ун ја заврши посетата на Кина Read More »

Унгарците од дијаспората солидарни против Орбан


Унгарците во Белгија синоќа одржаа протестен собир пред европските институции, на кој говореја бројни унгарски опозиционери. Како што јави дописничката на МИА од Брисел. една од пораките на учесниците и организаторите до Македонија беше дека не треба да се надева оти ќе добие екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Протестот под мотото „Стоп Орбан“ и …

Унгарците од дијаспората солидарни против Орбан Read More »

На творецот на ГМО бебињата му се заканува смртна казна


Колегите на кинескиот научник Хе Џианкуј, кој тврди дека создал генетски модифицирани близнаци, отпорни на вирусот на СИДА, тврдат дека му се заканува строга казна, па дури и смртна, поради истражувањата, кои многумина ги сметаат за одвратни. Хе, кој, од декември наводно се наоѓа во притвор во државен стан во Шенџен, може да се соочи …

На творецот на ГМО бебињата му се заканува смртна казна Read More »

Нов пораз на Владата на Меј во британскиот Парламент


Владата на британската премиерка Тереза Меј синоќа претрпе нов пораз во Парламнетот во Вестминстер, откако пратениците усвоија амандман со кој на владиниот Кабинет му се поставуваат нов ограничување за Брегзит без договор. Пратениците со 303 гласа „за“ и 296 „против“ го усвоија амандмантот, предложен од противници на истапувањето на Велика Британија од ЕУ без договор, …

Нов пораз на Владата на Меј во британскиот Парламент Read More »

Драма пред крајот: Алијансата и Беса ќе ја одржат „бесата“


Со неодминливата митоманија за етничките права се обвитка третата фаза од уставните измени, која почнува денеска во Собранието. Беса и Алијансата за Албанците, кои со по два пратеника го подржаа пристапувањето кон уставните измени, ја условија сега нивната поддршка со прифаќање на барањата Македонија да се дефинира како мултиетничка држава, албанскиот јазик да биде официјален …

Драма пред крајот: Алијансата и Беса ќе ја одржат „бесата“ Read More »

Филипче: Одземање на лиценцата на компанијата ако има пропуст за вакцините


Како Министерство за здравство одговараме за квалитетот на МРП вакцините и критериумите за нивна набавка. Ќе преземеме се што е во рамки на нашето делување и ако се покаже пропуст ќе се разгледа можноста за раскинување на сите договори со компанијата увозник и дистрибутер на МРП вакцините и за одземање на дозволата за работа, истакна …

Филипче: Одземање на лиценцата на компанијата ако има пропуст за вакцините Read More »