„Ауди“ го претстави Q8 E-Tron, електричен SUV со 496 КС


„Ауди“ Q8 E-Tron е новото име за подобрениот E-Tron, а променетото име им овозможува на купувачите да разберат дека се работи за flagship електричен SUV од германскиот бренд. Новиот модел доаѓа во стандардна „кутиеста“ каросерија и како „заоблен“ Sportback.

Q8 E-Tron го одликува подобрениот дизајн кој вклучува нов „нос“, предната решетка сега има самозатворувачки систем, а предните светла доаѓаат со нов светлосен потпис. Исто така, деловите од предната решетка се осветлени.

Audi ги промени и спојлерите на шасијата. Во случајот со стандардниот модел Q8 E-Tron, тие се нешто поголеми, додека кај Q8 Sportback E-Tron овие аеродинамични елементи се напред и назад. SQ8 E-Tron ги има само назад.


Во споредба со моделот E-Tron, Q8 E-Tron има коефициент на отпор од 0,27, а Sportback од 0,24. Тоа е подобрување во однос на претходните 0,28 и 0,26.

Q8 E-Tron е достапен со две батерии и три погонски опции.

Q8 50 E-Tron и Sportback имаат мотор на двете оски, а вкупната испорачана моќност е 335 КС во Boost режимот и 664 Nm вртежен момент. Капацитетот на батеријата е 89 kWh, а досегот е 491 километар за „box“ верзијата или 505 километри за Sportback.

Q8 55 E-Tron и Sportback развиваат 402 КС во Boost режим и 664 Nm вртежен момент и користат батерија од 104 kWh што овозможува опсег од 582 и 600 километри, соодветно.

SQ8 E-Tron и Sportback имаат по три електрични мотори, еден на предната и два на задната оска. Испорачуваат вкупно 496 КС и 973 Nm вртежен момент, а користат батерија со капацитет од 104 kWh. Во зависност од верзијата на каросеријата, досегот е 494 и 512 километри.

Кога станиувга збор за перформансите, Q8 50 E-Tron од 0 до 100 км/ч забрзува за 6 секунди, Q8 55 E-Tron за 5,6, а SQ8 E-Tron за 4,5 секунди.

Максималната ограничена брзина за моделите 50 и 55 е 200 км/ч, а за моделот SQ8 е 210 км/ч.

Q8 50 E-Tron поддржува моќ на полнење од 150 kW со помош на DC брзиот полнач, додека Q8 55 E-Tron и SQ8 E-Tron можат да поддржат и 170 kW. За полнење со моќ од 170 kW доволен е период од 20 минути за минување на 420 километри.

Стандардно, SUV моделите може да се полнат и со 11 kW AC полнач, додека и 22 kW е опција.

Q8 E-Tron има воздушна суспензија и во зависност од ситуацијата може да ја прилагодува висината во распон од 75 милиметри. Audi го унапреди и воланот кој побрзо реагира при вртењата.

Внатрешноста е опремена со неколку екрани. Пред возачот има дигитален кластер инструмент, на централната конзола е 10,1-инчен екран со infotainment систем, а тука е и 8,6-инчниот екран за контрола на клима уредот, греење и вентилација. HUD дисплејот е достапен како опција. На пазарите каде што е дозволено можно е да се добијат камери наместо ретровизори, а екраните поврзани со нив се на двете страни од кабината.

Продажбата во Европа ќе почне во февруари 2023 година, а основната цена во Германија ќе изнесува 74.400 евра.