Астрономски спектакл синоќа беше видлив на небото (видео)
Во текот на изминатата ноќ со голо око можеше да се види астрономски феномен во кој учествуваа две планети.
Венера и Јупитер видливи се последните денови и со голо око, веднаш по заоѓањето на Сонцето. Јупитер од ден на ден се наоѓа сѐ пониско, додека венера полека се крева, што значи дека наскоро ќе се сретнат и привидно ќе бидат блиску една до друга. Таквото порамнување, кога планетите не се физички блиску, но на Земјиното небо изгледа како да се, во астрономијата се нарекува конјункција.
Венера и Јупитер ќе бидат најблиску една до друга на 1 март. Речиси еднакво блиску ќе бидат и ден потоа, на 2 март.
Синоќа пак, меѓу Јупитер и венера можеше да се види и тенок срп од младата Месечина.
Кулминацијата на овој феномен се очекува меѓу 28 февруари и 2 март, кога аголната оддалеченост на двете планети изнесува само 1 степен. Што пак, нам,, додека ги набљудуваме од Земјата, ќе ни делува дека во прашање е само еден планетарен систем.
Во стварноста, Венера и Јупитер ќе бидат оддалечени повеќе од 900 милиони километри. вакви феномени настануваат поради разликата во патеките на планетите, иако сите се движат во иста насока, и приблично во иста рамнина.
Конјункцијата меѓу Венера и Јупитер е видлива само еднаш годишно. Но, мислење на стручњаците е да ја искористите оваа прилика – следната ќе ви се укаже дури во 2025 година.