Астрономите открија нова планета


 

Астрономите пронајдоа необично голема планета која кружи околу релативно мала ѕвезда.

Од Земјата е оддалечена 280 светлосни години, а го доби името TOI 5205b.

Поради необичната големина научниците ја нарекуваат и „забранета планета“. Тоа не значи дека до сега не знаевме за вака крупни планети – TOI 5205b е голема колку Јупитер, кој е најголем во нашиот сончев систем.

Новата планета ја забележал ТЕСС на агенцијата НАСА, како дел од мисијата од 2018 година, а неговата цел е потрага по нови планети.

ТЕСС досега детектира илјадници потенцијални планети, а најновата TOI 5205b е меѓу нив.

Таа кружи околу црвениоот џуџест TOI-5205 кој е со големина од околу 40 отсто од нашето Сонце. Изненадување е толку голема планета да кружи околу мала ѕвезда – кога ќе помине пред неа покрива 7 отсто од светлината која ја емитира, пренесе „Пе-це прес“.