Асанж нема да биде екстрадиран во САД

Британскиот суд пресуди против екстрадиција на Џулијан Асанж во САД, јави Њујорк тајмс.
Основачот на Викиликс така оствари голема победа против американските власти кои го обвинија за заговор и кршење на Законот за шпионажа.
САД против 49-годишниот Асанж подигна обвинение од 18 точки поради објавување на 500.000 документи со ознака од тајност до 2010 година. Се работи за доверливи документи со детали за американските воени операции во Авганистан и Ирак.
Одлука за испорачување се носи по повеќе од 10 години меѓународни правни замки и контроверзи кои го следат случајот на овој Австралиец.
Денешната пресуда на британскиот суд е подложна на жалбена постапка, што значи дека правната сага може да продолжи пред да следи вистинското испорачување.