Арсовски вели дека нема никаква поврзаност со фирмата „Дигитал оне“


Димче Арсовски, член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, денеска ги нарече лаги обвинувањата од СДСМ дека бил во некаква поврзаност со лицето Кристијан Арсовски и за вмешаност во спорен  тендер тежок милиони евра преку фирмата „Дигитал оне“, која имала само двајца вработени.

„За да биде детално јасно, ниту го познавам човекот кој е сопственик на фирмата, ниту сум го сретнал, ниту знам како изгледа, ниту ми е роднина по било која основа. Единствено што е исто е презимето. Немам никаква врска со никаков тендер, ниту пак сум имал било каква врска со државни тендери“, посочи Арсовски додавајќи дека СДСМ повторно покажа и докажа дека влијанието од заевизмот и многуте лиценци поделени за одгледување марихуана, сè уште владеат во партијата.