Арбен Фетаи прави трето крило на Алијансата за Албанците


 

Вицепремиерот Арбен Фетаи ги организира структурите на Алијансата за Албанците во рамките на „Вреди“ да се вклучат во новата партија што треба да произлезе од коалицијата. Тие вчера одржале состанок за основачко собрание.

На состанокот бил усвоен концептот „Нов сојуз“ како стратешки чекор кон посилно и пообединето политичко структурирање. Била донесена одлука за итно суспендирање на функционирањето на сите тековни органи до донесување нова одлука и прогласување привремен мораториум на сите партиски активности.

Со мнозинство гласови, основачкото собрание го овластило Арбен Фетаи, кој е наведен како претседател, да ги продолжи понатамошните преговори во рамките на раководството на „Вреди“ за трансформирање во политичка партија, во согласност со вредностите и принципите договорени досега.