Апликацијата StopKorona достапна на мобилен

Апликацијата StopKorona од денеска е достапна на сите телефони, соопшти министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски.
Тој апелираше до сите граѓани што побрзо да ја симнат апликацијата за да дадеме придонес во стопирањето на ширењето на корона вирус.
– Со неа помагаме на здравствените работници, но и на епидемиолозите. Одговорно тврдиме дека таа ги штити личните податоци. таа не користи податоци за граѓанинот, нема име и презиме на оние кои ја користат. Ако се најдат два мобилни телефони во близина, единствено се активира кодот, а нему му е потребен само бројот на мобилниот – рече Манчевски.
Податоците ги собира сервер во здравствениот систем и никој нема пристап до нив.
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, нагласи дека апликацијата гарантира целосна заштита на приватноста, не ги следи контактите и не користи, локација, ниту име и презиме на оние кои ја користат, а единствен податок што го бара е мобилниот број на корисникот.
Апликацијата функционира на принцип на анонимизирани шифри, така што, дава брз одговор на здравствените работници со кои лица бил заразениот во контакт во последните 14 дена, помага да се информираат потенцијално инфицираните лица за да им се дадат насоки за самоизолација, тестирање или лекување и помага за растoварување на здравствените работници во поглед на анкетирањето на контактите со заболените.
– Корисникот е потребно доброволно да го внесе својот мобилен број за да ја активира апликацијата. Овој податок се евидентира на безбеден сервер на Министерството за здравство и ниту еден друг корисник нема пристап до мобилните броеви или некаде се чува податок за сопственикот на бројот, изјави Манчевски.
На корисниците на андроид телефони при вклучување на блутут, ќе им биде побарана локација, но не користи лични податоци.
Апликацијата од вчера може да се најде на GoogleApp, а веќе, без најава ја симнале повеќе од 5.000 граѓани.