Овации во Филхармонија: Концертот со хитовите на загрепската поп рок школа се претвори во журка


 

Урбаната публика ја преполни Филхармонија, се сеќаваше само на убавите моменти на растење и созревање и уживаше на хитовите кои го обележаа животот на многу генерации, синоќа, на концертот „Памтим само сретне дане” на кои се пеаја  хитовите на загрепската поп рок школа од 80-тите и 90-тите години во придружба на Филхармонија.

Публиката направи своевидна журка со аплаузи, скандирања, овации на  бесмртните хитови на Парни Ваљак, Прљаво Казалиште, Нови Фосили, Сребрена Крила, Аеродром, Габи Новак, Јосипа Лисац, Тајчи, Нина Бадриќ… како и на авторите Зринко Тутиќ, Хусаин Хасанефендиќ-Хус, Рајко Дујмиќ, Ѓорѓе Новковиќ, Џони Штулиќ, Арсен Дедиќ и други, во малку поинаков аранжман, направени од Јосип Цвитановиќ, Оља Дешиќ и Иван Попескиќ.
 
Владо Калембер и Дејан Цукиќ

Под диригентската палка на Јосип Цвитановиќ, настапија и воодушевија легендарните Владо Калембер, Јурица Паѓен и Дејан Цукиќ, како и Агни Афшар, Мартина Мајерле и Макс Хозиќ.

Концертот започна со хитот „Чаробно јутро“ на поп-ѕвездата Нина Бадриќ, а заврши со хитот „Македонија“ на Дадо Топиќ, два биса и Калембер во улога на диригент. 

Јурица Паѓен

По минатогодишната премиера на проектот „Има једна тајна веза“, брзо и природно следеше идејата на ист начин да се претстават хитовите на загрепската поп рок школа. Песните на Арсен Дедиќ, Кемал Монтено, Рајко Дујмиќ, Хусеин Хасанефендиќ Хус, Зринко Тутиќ… навистина го заслужуваат тоа, но, еден концерт, секако, не е доволен за сите хитови, ама убаво беше да се потсетиме на убавите денови и моменти на кои се радувавме, тагувавме и плачевме во ексЈугославија. 

Агни Авшар

Габи Новак, по чиј голем хит “Памтим само сретне дане”, беше насловен проектот, за жал, 

не дојде во Скопје, поради долгото опоравување од скршеници на раката и колкот. (Л. С.)