Апелација го укина куќниот притвор за Миле Јанакиески


 

Апелацискиот суд во Скопје денеска го укинал куќниор притвор на екс министерот во владата на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески, за укинување на мерката куќен притвор.

-Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје на 18.11.2021 година достави решение КСЖ бр. 605/21 со кое второстепениот суд постапувајќи по жалбата изјавена од одбраната на М.Ј., обвинет во предметите со КОК 53/17 означен како „Т.Н.Т.“, КОК 7/18 означен како „Титаник“, КОК 3/19 означен како „Талир“, КОК 57/17 означен како „Топлик“, КОК 52/17 означен како „Траекторија“ и КОК 30/20 означен како „Шпански скали“, ја уважи жалбата за укинување на мерката куќен притвор.

Според решението на Апелациониот суд, на обвинетиот му се определуваат мерки за претпазливост, односно:Забрана за напуштање на територијата на Македонија и Град Скопје; Обврска обвинетиот да се јавува во судот и Забрана за издавање на друга патна исправа, соопштија од Кривичниот суд Скопје.