Апасиев за двојазичните СМС пораки на Гаши: Ова ни на Талат не му текна!


„Ај честито и двојазични SMS пораки до пратениците! Ова ни на Таљат не му текна. Фала Жмицко, фала ДПМНЕ“ – напиша денес на Фејсбук Димитар Апасиев. пратеник и лидер на Левица. 

Неговата реакција уследи откако спикерот на Собраниет,о Африм Гаши почна со практиката да ги известува пратениците со пораки на два јазика, а ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер тврдеше дека Законот за двојазилчност е неуставен од 2018 година, сега не реагира. Гаши и заклетвата за претседател на Собранието за прв пат во историјата на Македонија ја даде на албанки јазик.

ВМРО-ДПМНЕ, како што посочија пратениците од политичката партија Левица, поднесоа низа на претставки до собраниските служби по однос на ова прашање кога претседател беше Талат Џафери, а тоа лично го правеше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој сега молчи. Ова е прв пат во историјата на македонското Собрание ваквите известувања да бидат двојазични.