Апасиев реизбран за претседател на Левица


Президиумот на Левица, едногласно го реизбра Димитар Апасиев за старо-нов претседател на партијата.

Јована Мојсоска е назначена за Генерален секретар на Левица.

Вториот Пленум на партијата се одржа во текот на вчерашниот ден, а делегатите на Пленумот ги усвоија Статутарните одлуки.

На оваа сесија на Централниот комитет беше реизбран досегашниот состав на Президиумот.