Апасиев го наведува мостот кај Башино Село како „вмровска патологија“

Мостот преку Вардар кај велешкото Башино Село беше затворен за употреба на 3 јануари 2025 поради тоа што беше ризичен за одвивање сообраќај. Тогаш, властите рекоа дека санацијата ќе трае од 60 до 90 дена. Мостот, и тоа по санацијата само на неговиот долен дел беше пуштен во сообраќај. Асфалтирањето на коловозот ќе биде кон крајот на годинава.
За пуштањето на мостот отидоа премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот Александар Николоски, директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, градоначалникот на Велес, Марко Колев. Егзалтирано се зборуваше за тоа како како санацијата била направена побрзо од предвидениот рок.
„Санацијата успевме да ја направиме во рок, пократок од најавениот. Со тоа на Велес му овозможивме нормално да фукнционира. До крајот на годината ќе се изврши асфалтирање и уредување на горниот дел од мостот. Во тек е постапка за нов мост, кој ќе биде подолу од сегашниот. На есен ќе се бара изведувач, проект има избрано, мостот е со технологија каква немало досега во Македонија“, рече Коце Трајановски, директор на Државни патишта.
Навистина предвреме! Беше најавена санацијата на мостот за најмногу 90 и заврши „предвреме“ за 180 дена. За оваа ажурност се исмејуваше лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на Фејсбук:
„За да ја сфатиме вмроидната властелинска ПАТОЛОГИЈА доволен е следниов пример: пола Влада дојде да пушти реновиран мост од 100 метра во Башино Село, кој требаше да биде завршен за 60 дена, а беше завршен за 190 дена (и тоа делумно). Во изјавата премиерот #Мицика рече: – ‘Успеавме ПРЕДВРЕМЕ да го пуштиме мостот во употреба!?’“