Апасиев ги пофали Данела Арсовска и Косана Мазнева за отказите на „рамковните“


Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, ги пофали градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и новоименуваната директорка на „Комунална хигиена“, Косана Мазнева, за непродолжувањето на договорите со 33 ангажирани работници во јавното претпријатие.

– Данела и Косана им влегоа со мае-гери на рамковниве фантоми, напиша пратеникот на својот профил на Фејсбук, оправдувајќи го потегот на скопското претпријатие. За ова претходно Мазнева дури и доби закана од заменик-директорот на УЈП, Авдуљ Селам – Селами, инаку од редовите на ДУИ, дека начекала „планина без волк“.

На 33 лица кои биле вработени, преку АПВ, во ЈП Комунална хигиена-Скопје кои месеци и години земале плата а не оделе на работа, денес им завршија договорите и истите не се продолжени, објавија претходно од комуналното претпријатие.