Апанажа и за Бесими, Бектеши и Лога
Поранешните министри за финансии, за економија и за правда – Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Кренар Лога – се новите ексфункционери кои ќе користат апанажа. Бесими и Бектеши една година ќе земаат по околу 2.000 евра плата, додека Лога ќе зема буџетски пари девет месеци, бидејќи има помал министерски стаж од колегите. Комисијата за избори и именувања денеска ги одобри овие барања за апанажи за поранешните министри, пренесува Слободен печат.
Претходно, апанажа беше одобрена и за ексвицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ и министерот за образование Јетон Шаќири, а Комисијата позитивно одговори и на барањата на 36 поранешни пратеници.