Англискиот фудбалски судија Ентони Тејлор објави крај на кариерата


Англискиот фудбалски судија Ентони Тејлор објави денеска дека ја завршува кариерата во која судеше на 831 натпревар во текот на изминатите две децении, јави Би-Би-Си.

Последниот натпревар на кој судеше 47-годишниот Тејлор се одигра на 6 јули, кога Шпанија ја победи Португалија со 1-0 во осминафиналето на Светското првенство.

Тејлор, кој работеше како затворски службеник пред да стане професионален фудбалски судија, ја почна кариерата во 2006, а четири години подоцна беше промовиран во Премиер лигата. Тејлор ја делеше правдата на 432 премиерлигашки натпревари и ги судеше сите големи финалиња во англиските купови.

„Судењето на највисоко ниво беше исклучителна привилегија, но притисокот е огромен, а секоја одлука е под постојан јавен надзор. Сега е вистинско време да се повлечам и да започнам ново поглавје од својата кариера“, рече Тејлор

Англичанецот беше на листата на меѓународни судии со знакот на ФИФА од 2012 година, а беше дел од Светското првенство 2022, како и европските првенства во 2020 и 2024 година.