Анѓушев и Шалев предновогодишно со работниците на „Брако“
Сопствениците и менаџери на „Брако“, Кочо Анѓушев и Благој Шалев, предновогодишно ги посетија производните погони во фабриката и на сите работници им посакаа среќни празници и добро здравје во новата 2025 г, лична и семејна среќа, заеднички деловен успех и нов елан на работните места за новите проекти на „Брако“.

Фабриката „Брако“ ја заврши 2024г со позитивни резултати, и покрај економската криза во Европа која погоди дел од западноевропските клиенти на „Брако“, како и кризата со производството на жица предизвикана, пред се, од војната во Украина, која беше извор на евтина суровина, и европските економски санкции кон трети држави.

Од друга страна, во 2024 г. „Брако“ успеа значајно да го зголеми производството и продажбата на возилата за чистење „Грин Машинс“, да одржи стабилно производство на медицински мебел за странски брендови, и да произведува автоматизирани машини за клиенти од развиените земји.

Во 2025 г. се очекува да донесе ширење на производите на „Брако“ на светскиот пазар, но и борба за зголемување на вкупниот македонски извоз, како клучна основа за економски развој на нашата држава, а со тоа и поголем стандард за нашите граѓани.