Ангелов: Не може да има преговори за нешто што е договорено
Бугарскиот амбасадор во заминување, Ангел Ангелов, денеска пред медиумите рече дека дека нема да има нови преговори помеѓу Македонија и Бугарија затоа што, како што рече тој, тие се завршени.
Бугарскиот амбасадор во Скопје,кој си заминува в петок,речедека очекува Македонија да започне со исполнување на тоа што е договорено досега. Се надева оти Бугарија по изборите на 27 октомври ќе добие нова влада и дека потоа ќе може да се почне интензивен дијалог меѓу двете земји.
– Мене во петок ми завршува мандатот. Веќе бев кај министерот Муцунски за да си кажеме довидување. Ние сега имаме избори. Изборите ќе бидат на 27 октомври и се надеваме дека ќе добиеме влада со која што ќе можеме да влеземе во интензивен дијалог. Се разбира не преговори, затоа што преговори не може да има за нешто кое што е договорено. Тоа што е договорено мора да почне и да се исполнува. Ние географијата нема да ја менуваме и ќе останеме соседи. Ние треба да имаме интензивна комуникацијата, вклучувајќи ја и историската мисија, изјави Ангелов.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека наскоро ќе има промена кадровскиот состав на мешовитата македонско – бугаска комисија за историски прашања. Мицкоски смета дека актуелната комисија не беше заштитник на националните интереси на македонскиот народ.