Ангел во црква во Рим доби лик на премиерката Мелони


Ангелот пред и по реставрацијата

 

Мал скандал избувна во Рим откако црквата „Сан Лоренцо во Лучина“ во центарот италијанската метропола го доби ликот на премиерката Џорџа Мелони по реставраторските работи. „Ла Република“ објави дека ангелот што држи мапа на Италија во мермерниот дел на црквата во чест на кралот Умберто II сега го има ликот на Мелони.

Реставрацијата ја извршил Бруно Валентити, 83-годишен волонтер, декоратер на цркви и сакристан. Валентити вели дека го реставрирал само она што било таму претходно. „Она што го гледате сега е вака веќе 25 години“, рече мајсторот, кој негираше дека го моделирал ангелот според Мелони. Ректорот на базиликата, Даниеле Микелети, исто така призна дека имало одредена сличност помеѓу Мелони и ангелот, иако рече дека не знае зошто испаднало така. „Побарав капелата да се реставрира точно каква што била“, рече тој.

Министерството за култура го задолжи Инспекторатот за заштита на спомениците веднаш да спроведе истрага. Истрагата има за цел да утврди дали имало некаква нелегална интервенција врз заштитениот артефакт. Во соопштението, раководителката на културниот комитет на опозициската Демократска партија, Ирене Манци, го нарече „неприфатливо“ тоа што детаљ моделиран според современик можел да биде додаден на историско дело за време на реставрација, бидејќи тоа би можело да го прекрши законот за заштита на културното наследство.

Самата Џорџа Мелони реагираше на она што се случи на нејзината страница на социјалните мрежи, споделувајќи ја сликата со текстот: „Не, дефинитивно не изгледам како ангел“.