Ана Џејкобс од Холандија е најдобар кореограф на Танцлаб 2019
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2019/04/ana-tanc-lab-на.jpg)
Ана Џејкобс од Холандија ја освои наградата „Златна пеперутка“ на натпреварот за млади кореографи „Танцлаб 2019“ како дел од годинешнава програма на јубилејното издание на Танц Фест – Идентитети што не смеат да се пропуштат! Што се одржа на 5 и 6 април во МКЦ.
Во финалето настапија уште шесет кореографи – Бобан Русески, Бартош Восцински од Полска, Дана Маркус од Израел, Клеменс Џаглет од Франција, Егор Меншиков од Русија и Јасмин Систи од Италија.
Програмата ја следеше стручно жири во состав: Самуел Вуерстен, генерален и уметнички директор на фестивалот „Holland Dance Festival“ и член на бордот на КОДАРТС универзитетот од Холандија, Дидие Дешам, директор на Националниот танцов театар „Шајо“ во Париз, Франција, Зао Шји, директорка на интернационалниот фестивал „The New“ во Пекинг, Кина и Меххмет Балкан, шеф кореограф на Националните балети на Турција.
Ана Џејкобс како победничка ќе креира продукција со Скопје танцовиот театар.