Американските медиуми открија „таен план“: Веќе е наложено да се употребат сите можни средства


 

Претседателот на САД му наложил на раководството за национална безбедност да ги употреби сите можни средства да ја заузда наводно претстојната руска инвазија на Украина.

Како што јави Си-ен-ен, кој се повикува на висок американски функционер, американскиот лидер стравува од повторување на сценариото од 2014 година, кога враќањето на Крим на Русија „ги изненади САД и ЕУ“, пренесе Спутник.

Џо Бајден тогаш беше потпретседател, а на чело на Америка беше Барак Обама, кој како што напоменува Си-ен-ен, го одбил предлогот на Бајден да ја вооружа Украина и да воведе остри санкции за Русија.

„Препорачавме неопходни чекори, но имавме само околу четири недели да ги спроведеме“, изјавил неименуван извор за телевизијата.

Високи функционери од окружувањето на Бајден истакнуваат дека санкциите воведени за Москва во 2014 година имале за цел сопирање на среднорочниот и долгорочниот развој на конкретните државни комапнии.

„Опциите кои сега се предлагаат, напротив ќе бидат огромни, моментални и ќе подразбираат значителни трошоци за руската економија и финансискиот систем“, тврдат тие.

Си-ен-ен, нешто порано, повикувајќи се на анонимни функционери, јави дека американскиот лидер Бајден ѝ дал рок од четири недели на администрацијата да спречи инвазија на Украина, која Русија наводно ја планира.

Последните неколку недели во украинските и западните медиуми се појавуваат вести дека руската војска се спрема за инвазија на Украина.

Меѓу другото, агенцијата Блумберг, повикувајќи се на неименуван извор, соопшти дека американските разузнавачки служби сметаат дека Русија има такви планови за почетокот на 2022 година. Москва сето ова категорично го негираше.