Американските банки најавуваат високи дивиденди


Една од причините за рекордните вредности на берзанските индекси се и зголемените дивиденди што се очекува да ја надминат годишната стапка на инфлација во следните години.
Оваа година се очекува компаниите од индексот S&P да издвојат шест проценти повеќе пари за исплата на дивиденда, пренесува СЕЕбиз.

Предничат финансиските компании откако Централната банка на САД објави ограничувања. Банкарските гиганти „Голдман Сакс“, „Морган Стенли“, „Џеј Пи Морган Чејс“ и „Банка на Америка“ на крајот на јуни објавија дека ќе ја зголемат дивидендата, по завршување на стрес-тестовите на ФЕД, кои треба да покажат како би поминале банките во случај на позначаен пад.

Според една проценка, целата програма за купување обврзници и исплата на дивиденди на банките во САД ќе вреди 130 милијарди долари.