Американските авиокомпании не ја почитуваат мерката за физичка дистанца
САД– Американските здравствени експерти упатија критики до „Америкен ерлајнс“ и другите авиопревозници поради користењето на полните капацитети на авионите, истакнувајќи дека со тоа се испраќа погрешна порака додека земјата се бори со порасатот на новозаболени лица од Ковид-19.
„Американ ерлајнс“ соопшти дека „има повеќе слоеви на заштита, вклучително и неопходните маски за лице, подобрена процедура за чистење на авионите, и има и листа на симптоми на Ковид-19 пред летот“.
Експертите бараат на комерцијалните летови да се почитува мерката за физичка дистанца односно да не се продаваат сите седишта во авионот.