Американски судија го продолжи блокирањето на барањето на Трамп за запирање на федерални грантови
Американски судија ја продолжи привремената забрана за запирање на федералните грантови, заеми и други финансиски помошни програми, откако претходно минатата недела претседателот Доналд Трамп нареди нивно замрзнување.
Судијата Лорен Алихан од Окружниот суд во Вашингтон за време на судското рочиште изјави дека оваа мерка би била „катастрофална“ за организациите што работат во јавен интерес.
Овој спор започна поради меморандум објавен од Белата куќа во понеделникот, во кој се бараше од федералните министерства и агенции да замрзнат одредени трошоци за финансиска помош – особено грантови и заеми – и да извршат темелна ревизија за да се осигура дека тие се во согласност со „претседателските приоритети“.
Во својата одлука, Алихан истакна дека извршната власт не обезбедила никакво објаснување за итноста на замрзнувањето, кое било најавено со помалку од 24 часа претходно.
Мерката предизвика значителна конфузија во федералните служби и веќе наредниот ден беше привремено суспендирана од судот. Иако Белата куќа официјално го повлече меморандумот, администрацијата на Трамп соопшти дека планот за стопирање на државната финансиска помош останува во сила.