Американец остави 5.600 долари бакшиш за келнерите во еден ресторан
Келнерите во еден ресторан во Охајо добиле божиќен подарок на кој најмалку се надевале, а се работи за бакшиш од 5.600 долари, кој им го оставил еден задоволен посетител.
Гостинок, кој сакал да остане анонимен, вечерал во медитеранската кујна „Соук“ во Толедо, на 12 декември и оставил 5.600 долари за 28 вработени, дури и за оние кои не биле на смена. По распределбата секој од нив дома однел 200 долари.
Според сопственикот, кој воедно е и готвач во ресторанот, имало полно солзи. Сите кои не можеле да однесат елка дома, или подароци за најблиските, одеднаш можеле да го направат тоа.
„Прекрасно е кога знаеш дека некој може да направи вакво нешто за 28 странци“, вели тој.
Тој го отворил ресторанот во октомври 2019, без да знае дека за неколку месеци ќе биде принуден да го затвори.
Националното здружение на угостители во САД во семтември рекоа дека во 2020 година затворени се 100.000 ресторани во САД, а дека 60 отсто од нив никогаш повеќе нема да отворат.