Америка воведе санкции против жената и децата на Дмитриј Песков
Американските власти воведуваат санкции за најблиските роднини на прес-секретарот на претседателот на Русија Дмитриј Песков. Ова за време на брифингот за новинарите го изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс.
„Исто така, воведуваме санкции за 12 членови на руската Државна дума кои ги водеа напорите за признавање на таканаречените народни републики Донецк и Луганск, како и врз сопругата и возрасните деца на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков“, рече Прајс. Тој не ги откри имињата на лицата кои ќе бидат санкционирани.
Песков е во брак со уметничката Татјана Навка и има пет деца од три брака. Две деца на прес-секретарот на претседателот на Русија се возрасни – Николај Чолес и Елизавета Пескова.
На почетокот на март американските власти објавија санкции против самиот Дмитриј Песков.