Алсат: Хисни Исмаили нов министер за култура


Хисни Исмаили, професор на тетовскиот универзитет ќе биде новиот министер за култура, јавува Алсат повикувајќи се на извори од Владата.

Пред еден месец од министерството за култура оставка си даде Асав Адеми. Тој тогаш рече дека одлуката ја донеле заедно со лидерот на неговата матична партија „Алтернатива“, Африм Гаши. Појаснуви дека на 22 април побарал од лидерот на партијата да се повлече поради здравствени причини.

Според најавите на Владата, во текот на денешниот ден јавноста ќе ги дознае имињата на сите осуммина министри.