Алкараз се враќа на терените – пријавен е за УС опен
Организаторите на последниот Гренд слем турнир во годината УС опен ја објавија листата на пријавени играчи и на неа се наоѓа името на Карлос Алкараз. Американските медиуми се надеваат дека шпанскиот тенисер ќе биде во конкуренција за освојување на третата титула во Њујорк.
Но, шпанските медиуми пренесуваат информации дека не е подготвен за враќање, а дека не е подготвен ниту за Мастерсот во Синсинати што се игра од 13 до 23. август. Тие наведуваат дека дури и да игра нема да биде на највисоко ниво.
Алкараз ја брани титулата на УС опен, а турнирот стартува на 30. август и трае до 13. септември. Тој е надвор од тениските терени од 15.април поради повреда.