Алкараз ја одбрани титулата на Вимблдон


Карлос Алкараз ја одбрани титулата на третиот гранд-слем турнир во сезоната, Вимблдон откако го прегази Новак Ѓоковиќ и со тоа му оддржа лекција на „Централниот терен“ со максимални 3-0, по сетови 6-2, 6-2 и 7-6.

Алкараз уште во првиот гејм од мечот стигна до брејк и покажа во кој правец ќе оди целиот натпревар. Ѓоковиќ во ниту едно гранд-слем финале во кариерата досега не бил вака надигран, па на крајот мораше да му ја честита победата на во моментов најдобриот тенисер во светот.

За Алкараз ова е втора титула на Вимблдон, а вкупно четврта гранд-слем откако покрај минатогодишниот Вимблдон, тој стигна до трофејот и на Ролан Гарос годинава, како и на УС опен пред две години.

На Ѓоковиќ ако победеше, ова ќе му беше осма титула на Вимблдон и 25 Грен Слем.