Алкалоид пред полни трибини ќе го пречека АЕК во реваншот на Европскиот куп

Нема повеќе билети за историското финале на РК Алкалоид кој в недела ќе го пречека АЕК во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп.
– Продадени се сите билети за натпреварот меѓу РК Алкалоид и АЕК Атина што ќе се игра во недела во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20:30 часот. Вашата поддршката многу ни значи! Ви благодариме! Достоинствено да навиваме и да го поддржиме нашиот клуб во големото европско финале, на патот до европска титула! Се гледаме во сала! – стои во соопштените на Алкалоид.
Македонскиот тим на првиот натпревар забележа победа со 29:25.