Александар Пандов се врати во врвот на ВМРО-ДПМНЕ како претседател на Патриотскиот институт


Раководството на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се движи уште подесно од традиционалната конзервативна база на партијата со именувањето на поранешниот пратеник Александар Пандов за претседател на нововоспоставениот Патриотски совет. Пандов последниве години беше дел од едно тврдо јадро на новинари и други лица кои генерално беа против евроатлантските аспирации на Македонија и жестоки противници на Преспанскиот договор, но кои не успеаја да привлечат поголем број поддржувачи за нивните ставови. Сега Пандов се враќа во една од орбитите на врвот на ВМРО-ДПМНЕ преку која ќе може да ги промовира овие политики на негирање на западните вредности.

Во соопштението на партијата се додава дека Извршниот комитет „донесе и повеќе кадровски одлуки како дел од процесот на кадровско доекипирање и катарза најавена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски“. Именувани се нови 14 претседатели на општински комитети. Претходно беа именувани претседателите на општинските комитети во изборните единици 1, 2 и 3 со што Миццкоски ја создава својата одбрана од доверливи кадри ако евентуално стигне на дневен ред прашањето на вонреден конгрес кое го бараат иницијаторите за промени во партијата. (Н.В.)