Касанов го наследува Ескобар – САД со нов претставник за Западен Балкан


Александар Касанов е избран за заменик помошник секретар за Западен Балкан, како и за печат и јавна дипломатија во Бирото за европски и евроазиски прашања, соопшти Стејт департментот.

Тој ќе го замени Габриел Ескобар, чиј мандат истече на крајот на мај.

Касанов претходно служеше како извршен помошник на поранешната потсекретарка за политички прашања Викторија Нуланд.