Алармантно расте бројот новозаразени во Франција

Бројот новозаразени со корона вирус во текот на петтиот бран во Франција, расте со алармантна брзина, соопшти денеска француската влада.
Бројот на нови случаи со Ковид-19 на дневно ниво речиси двојно се зголеми во текот на претходната недела, пренесе „Гардијан“.
Седмодневниот проск на нвои случаи вчера достигна 17.153, во однос на 9.458 една недела претходно, наведоа здравствените власти, додавајќи дека тоа е зголемување за 81 отсто.
„Петтиот бран почнува со брзина на светлината“, рече портпаролто на владата Габриел Атал.
Последното седмодневно зголемување е три пати поголемо од просечниот пораст на случаи забележани во претходните три недели, што укажува на експоненцијално забрзување на инфекциите.