,,Акустично као некада”: Најдоброто од „Галија“ на концерти во Филхармонија
Премиерно во Скопје, проектот ,,Акустично као некада”, или, ако подобро сакате, проектот ,,Unplugged: Best of Галија”, на 15 декември во 20 часот, во совршен простор за овој настан – Македонска филхармонија, најавува организаторот „Авалон“. Поради голем интерес, ќе има и втор концерт, утревечер, на истото место.
Не само што не се одржа, туку, верувале или не, добри 30 години, патиштата на Авалон и Галија во меѓувреме никогаш за ништо не се сретнаа?!
Но, нормално, секој отворен круг… мора да се затвори.Време е за никогаш неодржаниот концерт на Галија!, велат од Авалон.
Еден од ретките бендови од регионов кој не само што има огромен број на одлични албуми и безвременски хитови, туку и во живо звучи добро како најдобрите светски бендови од тој тип.
,,Још увек сањам”, ,,Дигни руку”, ,,Да ли си спавала”, ,,Трубе”, ,,Корак до слободе”, ,,Када ме погледаш” се навистина легендарни песни и ќе биде огромно задоволство да ги слушнеме, заедно со уште многу други во акустична варијанта на Неша и осумчлената екипа.