Акционерите на Комерцијална банка ќе добијат 1.350 денари бруто дивиденда за акција, осум отсто повеќе од претходната


Фото: Б. Грданоски

Одличните финансиски резултати на Комерцијална банка минатата 2025 година, односно нето-добивката од 82,5 милиони евра, ќе ги почувстуваат и нејзините акционери. Како што соопштија денес од банката во информација до Македонската берза, предложена е бруто дивидендата по акција да изнесува 1.350 денари, за осум отсто повеќе во однос на претходната.

Еве ја информацијата:

„Врз основа на финансискиот резултат утврден за 2025 година и Програмата на мерки и активности на деловната политика и финансискиот план на Комерцијална банка АД Скопје за 2026 година, усвоена на 29.01.2026 година од страна на Надзорниот одбор на Банката, Управниот одбор на Банката планира до Надзорниот одбор на Банката, а соодветно и до Собранието на акционери, да достави Предлог Одлука за распоредување на добивката со која ќе се исплати бруто-дивиденда во вкупен износ од 3.076.740 илјади денари, како и Предлог Одлука за определување на износот на дивиденда за 2025 година со која за 1 (една) обична акција ќе се предложи бруто-износ од 1.350,00 денари. Предложениот бруто износ од 1.350,00 денари за 2025 година е за 8,0 % повисок во однос на дивидендата за 2024 година“.