Ахмети славеше со вратоврска „премиер Албанец“
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2024/01/ahmeti.png)
На социјалните мрежи се споделуваат бројни видеа од прославата на ДУИ за премиерското место кое го зазема Талат Џафери.
На видеата лидерот на ДУИ, Али Ахмети и останатите членови ги покажуваат црвените вратоврски на кои од внатрешната страна пишува „Премиер Албанец“ и наведен е датумот, за кој велат дека е историски за Албанците во земјава.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети и овој пат со песна го овековечи изборот на Талат Џафери за технички премиер. Во собраниски кабинет каде што се гледа чад од цигари Ахмети пее за историскиот момент.
Неговиот соработник Артан Груби кој во новата влада ќе биде министер за политички систем објави видео на својот Фејсбук профил.-Многу емоции, пријатели. Али Ахмети пее за Калош Дани – напиша Груби во описот на видеото.
На изборот на техничката влада присуствуваа и новинари од Косово и Албанија кои, според еден медиум од Македонија, дошле на трошок на ДУИ и во организација на Артан Груби и притоа биле носени на настанот со службен автомобил.