Ахмети : Ние не го гласаме само Пендаровски, туку гласаме за влез во НАТО и ЕУ
Демократската Унија за Интеграција во рамките на претседателските избори, по Општина Боговиње беше присутна и во Општина Врапчиште за да информира и да објасни зошто треба да се прифати консензуалниот кандидат, при што беше кажано дека тоа на земјата ќе и донесе членство во евроатлантските структури, ќе има мир, стабилност и безбедност во земјата и регионот, затоа што изборот на консензуалниот претседател ќе донесе продолжување на интегративните процеси на Република Северна Македонија.
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети рече дека секогаш бил транспарентен давајќи им понуда, на Никола Груевски и на Зоран Заев на последните претседателски избори и тоа со две имиња, Владо Поповски и Денко Малевски но немаше договор па затоа на тие избори изгуби кандидатот што сега е кандидат, Стево Пендаровски кој во тоа време не беше консензуален.
“Јас не гледам спремност кај г-ѓа Силјановска за да ги потпише документите како претседател на државата во иднина, значи јас гледам пречки, исто како што постапуваше досега Иванов со Законот за јазиците, Преспанскиот Договор и многу други закони кои повторно се вратија на гласање. Немаме време за губење, ние не го гласаме само г-дин Стево Пендаровски, туку гласаме за влез во НАТО и ЕУ и го гласаме консензуалниот кандидат”, рече Ахмети.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети додаде дека на земјата и е потребно што поскоро да стане земја членка на Европската Унија, затоа што само тогаш ќе престане алчноста на младите за заминување во Швајцарија, Англија,Америка… бидејќи тогаш ќе се приближат стандардите, исто така ќе треба да се градат добри односи помеѓу Албанците и Македонците зошто само тогаш земја ќе оди напред.
“Ова држава зависи од односите што ќе ги изградат Албанците и Македонците. Моќта на државата зависи од тоа како ќе се организираат овие две заедници, дали ќе бидеме заедно за големи процеси како што се позициите на Претседателот на државата и на Владата. На никого ништо не му се случи што Талат Џафери се избра за претседател на Собранието, затоа што Агим Нухиу стана министер за внатрешни Работи, Фатмир Бесими министер за одбрана. Во овој момент мислам дека си правиме услуга себеси со тоа што нашиот глас ќе го дадеме за бројот три и да продолжиме што поскоро да станеме полноправна членка на Европската Унија”, додаде на крај Ахмети.