Адвокатите на Рашковски јавно ќе покажат дека софтверот функционира
И покрај тоа што тој документ постои и докажува дека се е законски спроведено, ОЈО го игнорира овој факт и свесно продолжува да брани обвинение кое нема никаква основа.
Имено, во дописот испратен до Основното јавно обвинителство во јуни 2021 ги има сите документи, одлуката, записник од техничкиот прием, потврда дека софтверот е во сопственост на државата. Нејасно е зошто одлуката на Владата не се доставува како доказ од ОЈО. Постапката е целосно почитувана за набавка на софтверот, а јавното обвинителство игнорира дел од документите за да прикаже друга реалност. Поставуваме прашање – дали се бориме вистината да излезе на виделина, или некој намерно сака да прикаже сосема друга слика во јавноста? Зошто овие документи не се презентираат во судот.
Поради тоа следниот месец ќе направиме јавно вештачење на централна скопска улица за да се увери јавноста дека софтверот функционира“, велат од правниот тим на Рашковски.