Се урна ловец „МиГ-29“ на српската армија: загина пилотот
Пилотот загинал при падот на борбениот авион „МиГ-29“ на српската армија, кој се урна утрово на поле помеѓу Нова и Стара Пазова, јавуваат српските медиуми.
Смртта на пилотот ја потврди Радио телевизија на Србија (РТС). Неговото име засега не е познато.
Според РТС, авионот припаѓал на 204-та воздухопловна бригада, стационирана на аеродромот Батајница во близина на Белград.
На местото на несреќата се наоѓаат припадници на српските вооружени сили, полицијата и воената полиција, пожарникари и екипи на брза помош.
Министерството за одбрана на Србија не даде официјална изјава до објавувањето на оваа вест, а нема и официјални информации за причината за падот.