Без струја делови од Скопје
Без електрична енергија денеска ќе останат делови од Скопје.
-Во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул. „Коста Новаковиќ“ лоцирани на потегот од ЗУР Маркет до крајот на слепата улица во општина Аеродром, а во периодот од 09.00 до 13.35 часот, дел од корисниците од Петровец, објектот на наплатна рампа Петровец, корисниците од селата Миладиновци, Текија и Дељадровце, објектите на Мак Петрол Миладиновци, М – Стеел и ЖТП Миладиновци (општина Петровец и Илинден) – соопшти Центарот за управување со кризи по добиено известување од ЕВН.
Во Општина Сопиште без струја во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од Горно Соње – место викано Подбрег, додека во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од Долно Соње – место викано Димково Лозје – додаваат од ЦУК.