ЕУ го договорија тимот за преговорите помеѓу Русија и Украина


 Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Полска, заедно со институциите на ЕУ, ќе ја претставуваат Европа во евентуални мировни преговори помеѓу Русија и Украина, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

– Ги поздравуваме сите дипломатски напори насочени кон доведување на Русија на преговарачката маса. Се надеваме дека тоа ќе донесе конкретни резултати, наведе Кошта на неформалниот состанок на лидерите на Европската Унија во Даблин.

Американскиот специјален пратеник Џаред Кушнер вчера изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да го прифати европското вклучување во процесот. Но, Москва демантира.

Германија, Франција и Велика Британија досега ги водеа европските дипломатски напори насочени кон завршување на војната во Украина, честопати поддржани од Италија и Полска.