„Еуроклир“: Не постои едноставно решение за замрзнатиот руски имот
Брисел – Не постои едноставно решение за користење на замрзнатите руски средства лоцирани во клириншката куќа „Евроклир“, изјави извршната директорка на таа компанија, Валери Урбен.
Во интервју за белгискиот весник „Ле Соар“ таа изјави дека земјите од Европската Унија блокирале околу 210 милијарди евра руски средства по почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година. „Евроклир“ поседува околу 185 милијарди евра, што е повеќе од 80 проценти.
Некои европски земји сакаат руските средства да бидат исплатени на име на Украина, но Белгија се спротивстави на тој план.
Урбен изјави дека префрлањето само на средствата, а не и на обврските, би го банкротирало „Еуроклир“
„Секој трансфер би барал трајни гаранции од земјите-членки на ЕУ додека не заврши војната или додека не заврши обврската за отплата“, рече таа
Акционерите на „Еуроклир“ се согласија да ја префрлат каматата на средствата, досега речиси 8 милијарди евра, на Европската комисија за Украина
Урбен, исто така, рече дека „Еуроклир“ досега не бил цел на кибер напад, и покрај неодамнешниот бран кибер инциденти што погодија неколку европски земји, вклучувајќи ја и Белгија, каде што е седиштето на компанијата.